Мало Илино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мало Илино
Традиционална куќа во Мало Илино 49.jpg

Традиционална стара куќа во селото Мало Илино

Мало Илино is located in Македонија
Мало Илино
Местоположба на Мало Илино во Македонија
Координати 41°17′51″N 21°02′12″E / 41.29750° СГШ; 21.03667° ИГД / 41.29750; 21.03667Координати: 41°17′51″N 21°02′12″E / 41.29750° СГШ; 21.03667° ИГД / 41.29750; 21.03667
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 50[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 1092 м
Слава Илинден[2]
Мало Илино на општинската карта
Мало Илино во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Мало Илино во рамките на општината
Commons-logo.svg Мало Илино на Ризницата


Мало Илино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Мало Илино се наоѓа во северозападниот дел на Општина Демир Хисар, во изворишното сливно подрачје на Црна Река, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри. Атарот зафаќа простор од 16,5 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 630 хектари, на шумите отпаѓаат 499 хектари, а на обработливото земјиште 250 хектари. Според тоа селото има мешовита земјоделска функција.

Историја[уреди | уреди извор]

Денес под горното име постојат две села — Големо и Мало, само неколку километри оддалечени едно од друго; сместени северозапдно од Битола, во Демирхисарско. Според сочуваното предание, порано постело само едно Илино, на преминот наречен Илинска Црква која се наоѓа на околу 3 км западно од Мало Илино. Таму и денес постои црква односно манастирот „Св. Илија“. Оттука селото се преселило поради големите зулуми што ги трпело од вооружените арнаутски дружини, кои доаѓале од областа черменика. Притоа од старата населба настанале две нови - Големо и Мало Илино. Ова предание во голема мера се потврдува од расположливата пишана документација. Имено, додека во пописните дефтери од XV и XVI век (до времето на султанот Селим II) е запишано само едно Илино, дотогаш во битолските кадиски сиџили, почнувајќи од XVII век, се сретнуваат две такви села (Илинелер). Тоа укажува дека раселувањето на старото село и настанувањето на двете нови треба да се бара во интервалот од крајот на XVI до првите децении на XVII век.

Најстариот изворен податок за дервенџиската (стражарска) служба на Илино е од околу 1445 година, кога имало 56 домаќинства и 3 вдовици. Веќе во 1519 година бројот на жителите се покачил дури на 116 домаќинства и 5 вдовици, за во 1528/29 година да изнесува 106 домаќинства, 13 неженети и 4 вдовици. Бројкиве покажуваат дека во првите децении на XVI век Илино спаѓало, меѓу поголемите села во Македонија. А потоа судејќи според пописот од1544/45 година дошло до осетно намалување на селото, бидејќи во него биле регистрирани само 32 домаќинства, 5 неженети и 2 вдовици, што најверојатно се должи на преселувањето на населението во новите две села. Имено при пописот од 1568 година селото имало 35 домаќинства, 20 неженети и 1 вдовица.

За целото ова време Илино влегувало во Битолската нахија, како составен дел на еден од тимарите. Како дервенџиско село имало задача да го чува патот, кој води од Демир Хисар за Дебар". Всушност тоа бил само дел од значајната артерија што го врзувала Цариград со Албанија (овој пат бил од голема важност уште од антички времиња односно односно дел од познатата Виа Игнациа). Дервенџиската стража бездруго била псотавува на проходот Илинска црква, каде што минува споменатиот пат, доаѓајќи од Прилеп и Железнец и продолжувајќи на Елбасан и Драч. На овој пат патниците му давале предност бидејќи бил покус од оној преку Охрид и Битола. Патот минувал крај старот село, што значи меѓу Големо и Мало Илино.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мало Илино имало 500 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мало Илино имало 480 жители.[4]

Мало Илино во 1950 година имало околу 550 жители, во 1961 година било средно по големина село со 350 жители од кои сите биле Македонци, а во 1994 година преминало во мала населба со 106 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 50 жители, од кои 49 Македонци и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 500 480 387 346 315 220 167 118 106 50
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Мало Илино е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[8]

Староседелци и доселеници со непозната старина: Шундуровци (2 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Димовци (3 к.), Несторовци (13 к.), Дуковци (1 к.), Размовци (3 к.), Гроздановци (1 к.), Милошовци (2 к.), Ристевци (1 к.), Цинцаровци (3 к.), Ристановци (6 к.), Смилевци (1 к.), Костадиновци (2 к.), Мицковци (1 к.), Кочовци (6 к.), Савевци (3 к.), Паунковци (4 к.), Брклевци (1 к.), Трајковци (1 к.), Петковци (3 к.) и Илијовци (8 к.).


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Мало Илино, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Големо Илино, Доленци, Железнец и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Железнец, во која влегувале селата Големо Илино, Железнец и Мало Илино.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[9]
  • Граишта — топилница од доцноантичкото време;
  • Калец — топилница од доцноантичкото време;
  • Св. Илија — црква од средниот век.
  • Св. Пречиста — црква и некропола од средниот век.
Цркви[10]
Реки
Споменици
  • Спомен-плоча за загинатите во НОБ

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 26 јули 2016. 
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар. Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2. http://eprints.ugd.edu.mk/18749/1/Никола%20В.%20Димитров%2CГЕОГРАФИЈА%20НА%20НАСЕЛБИ-Општина%20Демир%20Хисар.pdf. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1б „Железник“ Мало Илино. 
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]