Слепче (Демирхисарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слепче
Slepce.JPG

Панорама на Слепче

Слепче се наоѓа во Republic of Macedonia
Слепче
Местоположба на Слепче во Македонија
Координати 41°13′59″ СГШ 21°10′29″ ИГД / 
Регион Пелагониски
Општина Демир Хисар
Население 719 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. (0)47
Слава Мала Богородица
Commons-logo.svg Слепче на Ризницата
Црквата „Св. Никола“ во Слепче
Манастирската црква „Св. Богородица - Источен петок“
Икона на Богородица Патеводителка, XVI век,
Дом на Културата во Слепче

Слепче — село во Општина Демир Хисар, југозападна Македонија. Сместено е во источните падини на Илиница, на 2 км северно од општинскиот центар Демир Хисар.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Слепче се наоѓа западно од градот Демир Хисар, а десно од патот Кичево - Демир Хисар, на 680 м. над. вис.[1] Земјиштето на Слепче е 24,5 км², од кои шумите заземаат површина од 1737 ха или поголемиот дел од земјиштето, обработлива површина заземаат 365 ха, а пасиштата 367 ха.[2].

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Во март, 2013 год. во објектот на Домот на културата рускиот производител за балетска опрема „Гришко“ отвори работен погон со капацитет од 60 вработени. „Гришко“ произведува чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности, a производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според турските пописни дефтери од 1467/68 год. во Слепче живееле 66 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, а сто години подоцна, во 1568 год. имало 103 христијански и едно муслиманско семејство.

Според книгата на Васил К'нчов „Македония. Етнография и статистика“ од 1900 год. Слепче имало 570 жители, сите христијани.

Според секретарот на бугарската егзархија, во 1905 год. Слепче имало 800 жители. и работело егзархиско училиште.

Во 1961 година Слепче има 1099 жители кои во 1994 се намалуваат на 791, а според пописот од 2002 година селото има 719 жители.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Селото има дом на културата и споменик на загинатите за слободата на Македонија. Над селото се наоѓа еден од најголемите средновековни книжевно-уметнички центри - Слепчанскиот манастир посветен на Свети Јован Претеча.

Средселото е реновирано и уредено, претворено во плоштад, наречен „Цар Самуил“.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[5]
Археолошки локалитети[6]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • 7 јули - Иванден - слава на манастирот
  • 21 септември - Мала Богородица - селска слава
  • октомври - Цвеќе на мирот во Слепче
  • 27 октомври - Петковден - куќна слава
  • 8 ноември - Митровден - куќна слава
  • 4 декември - Пречиста - куќна слава
  • 19 декември - Свети Никола - куќна слава

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Географски топонимски речник на Република Македонија - Илија Петрушевски, Николина Петрушевска, Скопје 2001
  2. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  3. http://kapital.mk/mk/makedonija/93414/vo_slepche_otvorena_fabrikata_%E2%80%9Egrishko_makedonija%E2%80%9C.aspx
  4. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. http://www.demirhisar.gov.mk/obrazovanie/osnovno-obrazovanie.html. посет. 26 јули 2016 г. 
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  6. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]