Метимирци
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Метимирци — историско село на територијата на Општина Демир Хисар, денес во средишниот источен атар на с. Света.[1]
Географија[уреди | уреди извор]
Метимирци се наоѓало во областа Железник, на десниот брег на Црна Река, спроти селото Света, во место обраснато со лескова шума, наречено Леска, Широка Леска, Тумбица или Тумба Бакре.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Селото било мошне старо, за што сведочи од средновековната населба со некропола во наоѓалиштето Широка Леска, токму на местото кајшто се наоѓало Метимирци.[2]
Населението се иселило во Света, Кутретино и други блиски села.[1] Од Метимирци во месноста постојат остатоци во облик на растурени камења. Познато е дека имало своја црква и селска слава.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 93. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 142. ISBN 9989-649-28-6.
|