Жван

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жван
Викиекспедиција Железник 162.jpg

Поглед на селото Жван

Жван is located in Македонија
Жван
Местоположба на Жван во Македонија
Жван на интерактивна карта

Координати 41°17′10″N 21°07′07″E / 41.28611° СГШ; 21.11861° ИГД / 41.28611; 21.11861Координати: 41°17′10″N 21°07′07″E / 41.28611° СГШ; 21.11861° ИГД / 41.28611; 21.11861
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 428[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7244
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10013
Надм. вис. 643 м
Слава Митровден, Св. Петка, Петковден и Илинден[2]
Жван на општинската карта
Жван во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Жван во рамките на општината
Commons-logo.svg Жван на Ризницата


Жван — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Меѓу селата Слоештица и Жван е сместен Топличкиот манастир.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Куќи изградена со камен можат да се сретнат низ целото село

Во минатото селото Жван преживеало многубројни војни, па поради тие војни е поделено на два дела, односно селото Жван и подмесноста Отрап. Според една легенда, името Жван е добиено според анот што се наоѓал во месноста Отрап. Кога тој ан станал познат луѓето често се прашувале каде ќе одиш и тие често одговарале ан, со што анот станал живан и со текот на времето селото го нарекле Жван.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сместено е на десниот брег на реката Црна, која лежи на самиот пат помеѓу Кичево и Битола. Претставува развиен рурален центар. Селото е рамничарско, на надморска височина од 690 метри.[3]

Селото Жван се наоѓа северно од градот Демир Хисар. Сместено е под планината Бигла, непосредно под пасивниот рудник за железна руда. Земјиштето на Жван зафаќа површина од 9,1 км2, од кои обработлива земја е 248,9 ха, пасиштата заземаат 154,2 ха, а горите 456,4 ха.[3] Соседни села на Жван: Слоештица и Мренога од југозапад и југ, Бабино од северозапад, Доленци од север, и Сопотница од исток.

Панорамски поглед на Жван, погледнато од дворот на црквата „Св. Петка

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Жван било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Според истражувањата на Пане Перуновски селото во пописните турски дефтери е запишано како Џван-хане. Во текот на петнаесеттиот век населбата броела шеесет и едно семејство, а во почетокот на седумнаесеттиот век биле регистрирани дваесет и една куќа. Селото првин се наоѓало на потегот на црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија“ кои се на левата страна на Црна Река. Со оглед на денешната распространетост на селото од двете страни на реката се забележува одредено проширување.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Дел од малото жванско поле

Стопанството во ова село не е развиено. Под овој поим може да се каже само дека, жителите сами одгледуваат земјоделски производи и чуваат домашни животни. Сето тоа што го произведуваат е за свои потреби, и многу мал дел е за продажба. Најпознат производ е жванскиот грав, кој се смета за втор по квалитет во Општина Демир Хисар, веднаш после гравот произведен во село Обедник. Се сади заедно со пченка, која исто така е доста застапена. Од други земјоделски култури се одгледува пченица, компир. Друга стопанска гранка е и печуркарството. Во шумите на ова село може да се најде печурка од видовите на: врган, лисичарка, кукмарец, срњак. Во ливадите од ова село исто така може да се најде и печурката ливадарка. Постојат две сезони за собирање на печурка и тоа во пролет и есен. Собраниот производ се откупува преку посредувачи кои се сопственици на продавниците во ова село, а откупот го вршат фирми од општина Демир Хисар кој овој производ го обработуваат и го пласираат во земјата, но и на странски пазари.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Жван имало 340 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жван имало 360 жители.[5]

Во текот на втората половина на XX век, од Жван се иселил значителен број од населението. Во 1961 година селото имало 904 жители, а во 1994 година 506 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 428 жители, сите Македонци.[1]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948779—    
1953907+16.4%
1961904−0.3%
1971786−13.1%
ГодинаНас.±%
1981699−11.1%
1991531−24.0%
1994506−4.7%
2002428−15.4%

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 340 360 779 907 904 786 699 531 506 428
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Жван е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[9]

  • Староседелци: Близнаковци (7 к.), Шулевци (7 к.), Бучуковци (7 к.), Рутевци (4 к.), Грошаровци (2 к.) и Станојовци (6 к.).
  • Со непознато потекло: Ташовци (4 к.), Џамбазовци (5 к.), Јанкуловци (2 к.), Лапевци (2 к.) и Ташовци (1 к.).
  • Доселеници со познато место на потекло: Каравиловци (33 к.), се делат на Пецовци, Стевановци, Гроздановци, Кузмановци, Калевци и Филиповци, доселени се од мијачкото село Галичник. Го знаат следното родословие: Мице (жив на 95 г. во 1951 година) Вилип-Миленко, дошол таткото или дедото на Миленко; Талевци (4 к.), Андревци (2 к.) и Дуковци (3 к.), Андревци и Дуковци се деленици од Талевци. Доселени се од селото Базерник; Бабинци (3 к.), Калаповци (3 к.) и Кучкаровци или Талевци (1 к.), доселени се од селото Бабино; Бавчанџиовци (2 к.), доселени се од селото Бучин, Крушевско; Павлевци (7 к.), доселени се од селото Прострање; Китовци (3 к.), Здравевци (3 к.), Најдовци (4 к.) и Ендековци (3 к.), доселени се од селото Радово; Дамчевци (3 к.), доселени се од селото Слоештица и Момировци (2 к.), доселени се од Битолско.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Влезот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во селото Жван

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Жван, во која покрај селото Жван, се наоѓале и селата Вирово, Мренога, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слојштица, Сопотница и Суво Грло.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 648 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 268 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Спомен-чешката за загинатите од НОБ на сретсело
Поглед на црквата „Св. Никола Топлички“ во Топличкиот манастир
Археолошки наоѓалишта[13]
Цркви[14]
Манастири
Реки
Споменици
  • Спомен-чешка за загинатите во НОБ

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени
Починати
Поврзани

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Жван во минатото имал многу успеси во спортот. Воглавно во фудбалот. Најпрво се натпреварувал во општинска лига и го освоил пехарот во шеесеттите години. Потоа со квалификациите во Македонски Брод, Жван се пласира во Регион. Спортот во Жван се распаднал во 1995-1996. Денес после 15 години Жван повторно формира екипа, која очекува да започне Општинска лига за да може да се натпреваруваат.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1951 година иселеници од селото има во Битола (2 семејства), Аргентина (1 семејство), САД (1 семејство), Бугарија (1 семејство) и во Демир Хисар (3 семејства).[9]

Иселеништвото продолжило и потоа што може да се забележи и по големиот пад на население во пописите.

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Жван се споменува во повеќе епизоди на анимираната серија „Еднооки“.
  • Игор Џамбазов го има во неколку наврати спомнато Жван, во познатата Жванска изрека „Во светот постојат три типа на луѓе: луѓе, нелуѓе и Жванци“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 август 2016.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 123. Посетено на 8 декември 2016.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  10. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Посетено на 26 јули 2016.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. 15,0 15,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  16. 16,0 16,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  17. 17,0 17,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  19. 19,0 19,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]