Трновци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Трновци е село во Општина Могила, во околината на градот Битола.


Трновци
Трновци is located in Македонија
Трновци
Местоположба на Трновци во Македонија
Координати 41°15′05″N 21°19′50″E / 41.25139° СГШ; 21.33056° ИГД / 41.25139; 21.33056Координати: 41°15′05″N 21°19′50″E / 41.25139° СГШ; 21.33056° ИГД / 41.25139; 21.33056
Општина Општина Могила
Население 427 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 586 м


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Битолското Поле, во областа Пелагонија, оддалечено 29 килоиметри североисточно од Битола.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) кога имало 22 семејства, 3 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[1]

Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Трновци живееле 450 жители, сите Македонци муслимани.[2]

Во минатото целото население во Трновци го сочинувале Македонци од муслиманска вероисповед. Во 1953 година, биле регистрирани 1.312 жители во селото, од кои најголем дел се иселиле во Турција. На нивно место се населуваат Македонци христијани од областа Демир Хисар (Железник). [3]

Според пописот од 2002 година, селото Трновци брои 427 жители, од кои:[4]

Националност Вкупно
Македонци 383
Турци 13
Роми 0
Албанци 30
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 1

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 450[2] 1.129 1.312 839 873 736 642 435 427

Родови[уреди | уреди извор]

Трновци е торбешко-македонско село.

  • Торбешки родови во селото се: Сулеманаговци (6 к.) доселени се на крајот од 18ти век, од некое областа Матија (во Албанија) ја знаат следната генеологија Сулејман (жив на 60 год. во 1952 година) Мустафа-Сулејман-Мустафа, Сулејман-ага, кој се доселил во селото, порано зборувале албански; Парталовци (14 к.) и Муаремовци (7 к.) потекнуваат од двајца браќа, доселени се од областа Матија во Албанија, порано зборувале албански; Реџовци (6 к.), Абазовци (3 к.) и Феровци (1 к.) потекнуваат од тројца браќа Реџо, Абаз и Феро, доселени се од околината на Корча (Албанија), во Абазовци се знае следната генеологија Асан (жив на 60 год. во 1952 година) Ариф-Сулејман-Абаз-Даљо-Абаз, кој се доселил, порано зборувале албански; Сулишовци (5 к.) и Рамушовци (3 к.) доселени се од околината на Корча, порано зборувале албански; Нуришовци (3 к.) потекнуваат од предок Албанец; Древеничани (3 к.) доселени се од селото Древеник, подалечно потекло од Албанија; Мусо (1 к.) доселени се од селото Пресил, подалечно потекло од Албанија; Лимановци (14 к.), Аљовци (9 к.) и Џаферовци (5 к.) доселени се од Анадолија, порано зборувале турски; Садиковци (7 к.) по потекло се од Анадолија, од каде најпрво се населиле во Дедебалци, па во Трновци, ја знаат следната генеологија Јашар (жив на 53 год. во 1952 година) Мемет-Јашар-Садик-Суљо, првиот доселеник; Коџобашиовци (4 к.), Далиповци (4 к.), Садуловци (6 к.) и Бељуловци (1 к.) сите доселени од Анадолија; Муцалевци (7 к.) доселени се од селото Пласница, кичевско, каде биле староседелци; Усеиновци (14 к.), Ристемовци (3 к.), Баневци (8 к.), Зеќировци (8 к.), Муслиовци (3 к.), Синановци (3 к.), Асановци (1 к.) и Демовци (1 к.) доселени се однекаде. Родот Ристемовци е гранка од родот Усеиновци, родовите Баневци и Зеќировци потекнуваат од ист предок.
  • Македонски родови во селото се: Николовци (1 к.) и Талевци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Света, Железник; Секуловци (1 к.) доселени се во 1932 година од селото Сопотница, Железник; Соколовци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Растојца, Железник. После 1952 година, т.е после масовното иселување на муслиманското население во Турција во домовите на иселените муслимани се населиле нови македонски родови од Охридско (Дебарца, Брежани) и Демирхисарско (Железник) (околу 70 к.).[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.89
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.238.
  3. Godisěn zbornik (1969). Volumes 17-18. Univerzitet vo Skopje. Geografski institut. p. 146. "По моите теренски проучувања оживела нова акција за иселување на Торбешите. И тие иселувања водат во Турција. Од 1954 до 1960 г. најјаки биле иселувањата од Трновци, Дебреште и Пешталево. Само од првото село 1954 и 1955 г. се иселиле 70 торбешски домаќинства. На местата од иселените Торбеши се населуваат Македонци од Демир Xисар (во Трновци) и Порече (во Дебреште и Пешталево), како и муслимани од Санџак (во Дебреште)."
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. конс. 2019-01-01.