Општина Могила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Могила
Општина
Знаме на Општина МогилаГрб на Општина Могила
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеМогила
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникДраганчо Саботковски
Површина
 • Вкупна251,2 км2 (97,0 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно5.283
 • Густина21/км2 (54/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+047
Регистарски табличкиBT
Мреж. местоmogila.gov.mk
Карта на општина Могила со селските атари.
Демографска карта на општина Могила со селските атари.

Општина Могилаопштина во Пелагонискиот Регион, во југозападна Македонија. Создадена е со територијалната поделба од 1996 година, а со новата територијална организација предвидена со законот од 2004 година, кон поранешната општина Могила е припоена и Општина Добрушево.

На север граничи со трите општини Демир Хисар, Крушево и Кривогаштани, на југ и на запад со Општина Битола, а на исток и југоисток со општините Прилеп и Новаци. Центар на општината е селото Могила.

Географија[уреди | уреди извор]

Могила лежи во Пелагониската рамнина, претежно јужно од реката Шемница, односно помеѓу стариот пат Битола-Прилеп (сега регионален пат Р-106) и Река Црна на просечна надморска височина од 583 м. Општина Могила е средноголема рурална општина, зафаќа површина од 251,2 км2 и се наоѓа во југозападниот дел на Р. Македонија. Според апсолутната надморска височина, се вбројува во општините со малку потпросечни вредности во државата. Всушност, територијата на оваа општина зафаќа простор во средишните делови на Битолското Поле, а населбите се наоѓаат распоредени во сливното подрачје на Црна Река и долното течение на нејзината десна притока Шемница и лежат во нивните алувијални делови.

Има правец на протегање северозапад – југоисток. Од север се граничи со општините Демир Хисар, Крушево и Кривогашатани, од исток и југоисток со општините Прилеп и Новаци, од југи од запад со општината Битола.

Има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност, бидејќи низ нејзиниот централен дел минува магистралниот патен правец Е – 106 и железничката пруга Битола – Прилеп. Исто така, од големиот градски центар Битола , централната населба Могила се наоѓа на оддалеќеност од само 10 км.

Вкупната територија на општината зафаќа 22363 ха, а ја сочинуваат кататастарските општини на 23 села и тоа:

-Могила = 2571,39 ха, -Беранци = 2018,52 ха, -Вашарејца =706,81 ха, -Горна и Долна Чарлија =1089,06 ха, -Долно Српци =2371,16 ха, -Ивањевци =1725, 72 ха, -Лознани =906,94 ха, -Новоселани =534,19 ха, -Подино =629,82 ха, -Радобор =860, 31 ха, -Свето Тодори =1118,31 ха, -Трновци =1165,51 ха, -Добрушево =1649,16 ха, -Дедебалци =1207,88 ха, -Мусинци =1157,55 ха, -Ношпал =1047,80 ха, -Мојно =1335,90 ха, -Алинци =394,22 ха, -Путурус =645,20 ха, -Црничани =1251,59 ха, -Трап =622, 68 ха, -Будаково =562,69 ха, Вкупно во општина Могила =22363,7 ха

Оддалеченост на населените места во општина Могила од центарот на општината с. Могила

Могила: Алинци 11 км, Беранци 10 км, Будаково 9 км, Вашарејца 12 км, Г. и Д. Чарлија 7,5 км, Дедебалци 11 км, Добрушево 12,5 км, Д. Српци 13 км, Ивањевци 16 км, Лознани 15 км, Мојно 21,5 км, Мусинци 18 км, Ношпал 15,2 км, Новоселани 18 км, Путурус 15 км, Подино 21 км, Радобор 5 км, Св. Тодори 22 км, Трап 8 км, Трновци 24 км, Црничани 16 км,

Историја[уреди | уреди извор]

Пелагониската Котлина е една од најголемите котлини во Македонија која го зафаќа нејзиниот југозападен дел. Могила се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија на десетина километри североисточно од Битола. Први истражувачки чекори на праисторија во овој крај на Пелагонија се направени во периодот помеѓу двете светски војни што се состоеле во мали ископувања. Во периодот од 1973 година па до денес со цел да се утврди бројот на наоѓалишта, Заводот, Музеј и Галерија од Битола изврши ископувања на теренот и откри повеќе праисториски наоѓалишта, почнувајќи од неолитот, бакарното, бронзеното, па сè до крајот на железното време. Од сите истражувања и ископувања во Пелагонија може да се констатира дека праисториските наоѓалишта – тумби најзастапени се во населбата Могила. Тоа се вештачки височинки, создадени од натрупување на слоеви на кои се формирале населбите. Селото Могила, најверојатно и името го добило по повеќето тумби-могили распоредени по целото село. За селото Могила првите податоци ги сретнуваме за време на владеењето на Византија, XI и XII век. во документите, преписките на Теофилакт Охридски (Охридски Архиепископ). Селото Могила се споменува како стопанство на Охридската црква. Во првите турски документи од 15 век 1467-68 г. "Опширни пописни дефтери" селото Могила се споменува како мезра Могилани, односно село Могила и брои 103 семејства. Во повоениот период после 1944 година формирана е Могилската општина како една од петнаесетте новоформирани на подрачјето на Битола. Во неа влегувале пет села: Долно Оризари, Горно Оризари, Карамани, Трн и Могила.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Општина Могила е земјоделска општина каде што најмногу се произведуваат житариците и полјоделските култури, но не помалку е застапено и сточарството. Од индустриските објекти позначајна е фабриката за производство на готова животинска храна сместена во населбата Радобор. На атарот на Општина Могила стопанисува ЗК Пелагонија и тука се наоѓа најголемата сточарска фарма со околу 800 молзни крави.

Структурата на бизнис секторот во Општина Могила ja сочинуваат 180 активни фирми, сите во приватна сопственост. 137 од нив се регистрирани како ДООЕЛ, 43 како трговец поединец. Најголемиот број од нив се занимаваат со трговија на мало ( продавници ) и со земјоделско – сточарска дејност.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194812.222—    
195314.012+14.6%
196114.228+1.5%
197113.503−5.1%
198113.386−0.9%
199110.022−25.1%
19947.333−26.8%
20026.710−8.5%
Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Могила според административната поделба од 2004 година.
Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија

Според новата територијална организација предвидена со законот од 2004 година (припојување на општината Добрушево) општината имала 6.710 жители, од кои:[2]

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 6.432 95,86
Албанци 34 0,50
Турци 229 3,41
Роми 6 0,09
Власи 0 0,00
Срби 2 0,03
Бошњаци 0 0,00
останати 7 0,10
Вероисповед Вкупно
православни 6.436
муслимани 266
католици 1
протестанти 0
останати 7
Јазик Вкупно
македонски 6.452
албански 31
турски 218
ромски 0
влашки 0
српски 5
бошњачки 0
останати 4

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Могила е Јасмина Гулевска од редовите на СДСМ. Таа била избрана на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Могила е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 4 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 3 места
  НДМ: 1 место
  Независни: 3 места

Галерија[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Културно лето

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]