Прејди на содржината

Општина Чашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Чашка
Општина
Знаме на Општина ЧашкаГрб на Општина Чашка
Карта
ДржаваМакедонија
РегионВардарски
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996
СедиштеЧашка
Населени места
Управа
  ГрадоначалникСуат Шаќиров (ДУИ)
Површина
  Вкупна819,45 км2 (316,39 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно7.942
  Густина9,7/км2 (25/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+043
Регистарски табличкиVE
Мреж. местоcaska.gov.mk
Карта на Општина Чашка со селските атари.
Демографска карта на Општина Чашка со селските атари.

Општина Чашкаопштина во Вардарскиот Регион, во средишниот дел на Македонија. Административен центар на општината е истоименото село.

Општината била изменета со новата територијална поделба на Македонија по донесениот закон во 2004 година. Денешната општина ги вклучува двете поранешни општини Богомила и Извор, како и одредени делови од Општина Велес.

Општина Чашка се граничи со Општина Зелениково и Општина Студеничани на север, Општина Македонски Брод и Општина Долнени на запад, Општина Кавадарци и Општина Прилеп на југ и Општина Велес и Општина Градско на исток.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општина Чашка се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Зафаќа површина од 825 км2 и се вбројува во трите најголеми општини по територија во Македонија. Истата е рурална општина со добра географска положба. Општината располага со вкупна обработлива земјоделска површина од 476 км2 и 48,97 км2 под пасишта.

Соседни општина со кои се граничи општината се: од исток со Велес и Градско, од север со Зелениково и Студеничани, од запад со Македонски Брод и Долнени и од југ со Прилеп и Кавадарци. Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7.673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км2.

Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и привлечни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2.540 м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана на хидросистемот „Лисиче“.

Климатските одлики на општината се доста различни. Високите планини преку целата година се покриени со снег додека во рамничарскиот дел во летниот период владее несносна висока температура. Климата е континентална со мало влијание на суб-средоземна, која продира по долината на реката Тополка. Врнежите се мали претежно во есенските и зимски денови, а летата се топли и суви. Ветрови се јавуваат од сите правци, меѓутоа преовладуваат од северен и северозападен правец.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот во 2002 година, Општина Чашка има 7.673 жители. Етнички групи во општината:[2][3]

НародВкупноУдел (%)
Македонци 4.370 57,28
Албанци 2.738 35,23
Турци 390 5,70
Роми 0 0,0
Власи 1 0,01
Срби 63 0,72
Бошњаци 67 0,87
останати 44 0,79
Вероисповед Вкупно
православни 4.145
муслимани 1.770
католици 2
протестанти 0
останати 15
Јазик Вкупно
македонски 4.838
албански 2.684
турски 10
ромски 0
влашки 0
српски 47
бошњачки 49
останати 45

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Општинската администрација во Општина Чашка е поделена на пет одделенија:

  1. Одделение за правни,општи работи, човешки ресурси и месна самоуправа;
  2. Одделение за финансии, буџет, општински имот и администрирање со даноци;
  3. Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштитa, спорт и соработка со здружение на граѓани и фондации;
  4. Одделение за урбанизам, комунални дејности сообраќај и заштита на животната средина;
  5. Одделение за инспекциски надзор - инспекторат.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Чашка е Суат Шаќиров од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[4]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.[5]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  4. „Дополнување на Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  5. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]