Општина Маврово и Ростуше

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Маврово и Ростуше

Map of Mavrovo i Rostuša Municipality.svg

Знаме на Општина Маврово и Ростуше Грб на Општина Маврово и Ростуше
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Ростуше
Површина 663,19 км2
Демографија
Население 8.618[1] жит.
- проценка од 31.12.2016 8.896 жит.
Густина 12,99 жит./км2
Населени места
Самоуправа
Градоначалник Медат Куртовски
Совет 11 члена
Контактни податоци
Седиште Општина Ростуше
1254 Ростуше
Телефон 042 478-815
042 478-815
042 489-900 (во Маврови Анови)
Факс 042 311-349
042 489-900 (во Маврови Анови)
Мреж. место Службен портал
Е-пошта е-пошта
Карта на општина Маврово и Ростуше со селските атари.
Демографска карта на општина Маврово и Ростуше со селските атари.

Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврово и Ростуша) — општина во западниот дел на Република Македонија. Формирана е во 2004 година со спојување на општините Маврови Анови и Ростуша. Центар на општината е селото Ростуше. На југ се граничи со Општина Дебар, на исток со Општина Кичево, а на север со Општина Гостивар.

Географиja[уреди | уреди извор]

Општина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, т.е. во регионот Мијачија.

Историja[уреди | уреди извор]

Општина Маврово и Ростуше била создадена во 1996 година, под името Општина Маврови Анови, а Општина Ростуша е создадена исто така во истата година, и во 2004 година, спојувајќи ги општините Маврови Анови и Ростуша, формирана е Општина Маврово и Ростуша со седиште во Ростуше.

Демографија[уреди | уреди извор]

Согласно последниот попис од 2002 година на ниво на држава спроведен од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Општина Маврово и Ростуше ги има следните статистички карактеристики во однос на населението:[2]

Вкупно население: 8618 жители[1]

1. Вкупно население на територија на општина по пол:

  • Мажи: 4295
  • Жени: 4323
Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 4.349 50,46
Албанци 1.483 17,21
Турци 2.680 31,10
Роми 10 0,12
Власи 0 0,00
Срби 6 0,07
Бошњаци 31 0,36
останати 59 0,68
Вероисповед Вкупно
православни 853
муслимани 9.355
католици 15
протестанти 0
останати 205
Јазик Вкупно
македонски 8.652
албански 1.258
турски 475
ромски 2
влашки 1
српски 8
бошњачки 9
останати 30

* Дел од жителите во областа Долна Река, односно во селата Скудриње (76,8 %), Ростуше (48,9 %), Аџиевци (37,5 %), Требиште (36,2 %), Јанче (22,6 %), Присојница (20,9 %), Велебрдо (17,6 %) и Видуше (12,9 %) се изјасниле како Турци, но всушност тоа се Македонци од муслиманска вероисповед, кои се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.

3. Вкупно население на територија на општина врз основа на образовна структура од 15 и повеќе години: 6324

  • Без училиште: 257
  • Некомплетно основно образование: 1373
  • Основно образование: 3375
  • Средно образование: 1092
  • Виша школа: 98
  • Висока школа: 93
  • Магистратура: 1
  • Докторат: 0

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Маврово и Ростуше е Медат Куртовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Маврово и Ростуше е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 6 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 2 места
  ДПТ: 2 места
  ДУИ: 1 место

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 мај 2013. Посетено на 6 јануари 2013.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
  3. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]