Јанче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јанче
Поглед на Јанче.jpg

Поглед на селото од регионалниот пат

Јанче is located in Македонија
Јанче
Местоположба на Јанче во Македонија
Координати 41°35′12″N 20°37′41″E / 41.58667° СГШ; 20.62806° ИГД / 41.58667; 20.62806Координати: 41°35′12″N 20°37′41″E / 41.58667° СГШ; 20.62806° ИГД / 41.58667; 20.62806
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Маврово и Ростуша
Население 146[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1254
Повик. бр. 042
Надм. вис. 760 м
Commons-logo.svg Јанче на Ризницата


Јанче е село во Општина Маврово-Ростуше, едно од мијачките села во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во близина на реката Радика и до регионалниот пат ДебарМаврово, оддалечено 16 километри североисточно од Дебар. Сместено е на надморска височина од 760 метри и е распослано на мала површина од само 4,8 км² и е село од збиен тип. Од нив 38 хектари се обработлива површина, а пасишта се 27 хектари. Селото е сместено над над течението на реката Радика, а неговите куќи се скалесто наредени. Поради ова добива изглед на орловско гнездо среде планинските врвови. До селото може да се дојде преку регионалниот пат ДебарМаврово, во непосредна близина на Бигорскиот манастир.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото прв пат се споменува во османлиските пописни дефтери од 1467 година, кога имало само 1 христијанско семејство (Ѓерѓ Илиевиќ). Потоа се споменува и во 1536/39 година со 6 семејства и 1583 година со 8 семејства и 3 неженети.

Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено заради честите качачки пљачкосувања. Подоцна селото се преместило поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.

Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул.

Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во минатото, главна стопанска дејност во делото било сточарството, но во последно време се забележува дека растечка гранка е туризмот и искористување на природните благодети во областа.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Јанче живееле 400 жители, сите Македонци, од кои 240 православни и 160 муслимани.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Јанче имало 256 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописите на населението по ослободувањето на Македонија, почнувајќи со првиот попис од 1948 година, па сè до последниот од 2002 година, бројот на жителите во село Јанче според податоците од Државниот завод за статистика, бил променлив. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 146 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 111
Турци 33
Роми 0
Албанци 2
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Според полот, од вкупното население 71 биле мажи, а 75 жени.

Така, на пописот од 1948 година во Јанче имало вкупно 375 жители, од кои биле 360 Македонци, 7 Турци, а од другите националности нивниот број броел 8. Со вториот попис во 1953 година во селото се регистрирани 395 жители од кои 360 се Македонци, 27 Албанци, 7 Турци , Роми 1, Власи 1 и Србин 1. На пописот во 1961 година евидентно е опаѓањето на бројот на населението во Јанче што се должи на миграцијата село-град, но и миграцијата во странство, па така вкупниот бројот на жители во село Јанче броел 165 жители од кои 71 Македонец, 5 Албанци, Турци 88, а од другите националности бројот бил само 3 жители. Пописот од 1981 година покажал дека во Јанче имало вкупно 186 жители, од кои Македонци имало само 39 лица, 1 Албанец, Турци немало, а останати националности биле 105 лица.

Наредното десетлетие, 1991 година впишани се 164 жители, 41 Македонец, 7 Турци и 116 други. На пописот 1994 година во Јанче живееле до тогаш најмалку жители вкупно 155, од кои 133 се Македонци, Албанци 2 и Турци 9, додека од другите националности имало вкупно 11.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 400[2] 256[3] 375 395 165 181 186 165 155 146

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото денес живеат само седум македонски семејства од православна вероисповест: Тортевци, Негриовци, Мирчевци, Јанкуловци, Гиговци, Костовци и Сарџовци. А од раните 70-ти години во Јанче живееле и семејствата: Симоновци, Коловци, Петревци, Дичовци, Трајановци, Поповци, Тасевци, Вељановци. А во селото постоеле и родовите Марковци, Каравеловци, Дојчиновци, Мановци, Ташовци, Арсовци и Сиљановци.[6]

Во селово денес има околу 150 Македонци по род, но од муслиманска вероисповест и тоа од семејствата на Адем, Феим, Билали, Абдураман, Ибрахим, Реџеп, Јакуп и други.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки наоѓалишта[7]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Сурова Василица — се слави на 14 јануари, а некогаш се празнувал на 1 јануари или Нова Година или попозната како Василица. Еден ден пред празникот, децата стануваат рано пред изгрејсонце, собираат дренови прачки и прачки од некои плодородни дрвја. Децата прачките им ги даваат на некои девојки да прават суровица. Девојките ги групираат прачките и им даваат босилок, па ги завиткуваат околу за да не се гледаат заедно со босилокот што симболизира божило (виножито небосводот). На врвот се става крвче од дренова прачка завиткано со шарени коприрени и срмени конци. И на краиштата му се ставаат топчиња и една сребрена пара. Во народниот календар нема друг датум што има собрано толку многу обичаи како овој празник.
  • Водопост — се слави на 5 јануари. На тој ден не се мрси и жените одат во црква, земаат крстена вода во шишенце од која пијат сите домашни, а остатокот ја чуваат за преку целата година, и ако некој се разболи го мијат со неа за здравје.
  • Водици или Богојавление — се слави на 19 јануари. Јанчани велат ако во текот на тој ден водата не замрзне годината ќе биде лоша и ќе има многу болести, а ако пак биде студено годината ќе биде добра и плодородна.
  • Свети Јован — на 20 јануари. На тој ден секое маало одделно го празнува и домаќинот во своето маало приготвува јадење за сите, а останатото население носи погачи, тави со месо, риби и вино. Подароците од маалците се подаруваат на Св. Јован, кога јадењето ќе се послужи на трпеза во дворот станува еден од гостите и изјавува дека тој догодина ќе го служи св. Јован, односно ќе биде кум.
  • Благовец — на 7 април. Се верува дека во пресрет на Благовештенија на полноќ се отвора небото и се јавува Господ. Сите дрвја во тоа време се пополнувале до земја. Ако пак во тој момент човек е буден може да побара се што сака од Бога и тој ќе му даде. На Благовештенија девојчињата над 10 години за прва пат почнуваат да месат. Тоа се прави на Благовец за да им биде благ лебот. Од таа погача се раздава на другарките и комшиите за здравје.
  • Велигден — во турско време, христијаните по полноќ оделе во врква. Девојќите оделе подоцна, по литургијата да се причестат, секоја девојка со себе носи едно црвено јајце за да биде здрава, бела и црвена. Поздрав со луѓето е “Христос Воскресе” – Ваистина Воскресе. Со првото, црвено фарбано јајце мајката прави круг на лицето на децата и домашните и кажува “црвено, бело, дебело” и тоа се чува цела година, а старото од претходиот Велигден се закопува во земја.
  • Свети Илија — се празнува на 2 август и Јанчаните веруваат дека кога грми св. Илија ја брка ламјата да ја убие. По 1903 година тој стана национален празник со патриотска возвишена цел, бидејќи На тој ден се кренало Илинденското востание. Јанчани вечерта пред втори август одат во црквата св. Илија каде им оддаваат почит на мртвите кои се закопани во дворот на црквата. Постарите остануваат долго во ноќта, а младите и до раните утрински часови.
  • Голема Богородица — се празнува на 28 август. Меѓу позначајните празници што маќедонскиот народ ги празнува со големо внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Голема Богородица е селска слава на Јанче и на ововј ден во селото се подготвува голема веселба проследена со звуците на зурли и тапани. Во трпезаријата на црквата Успение на Богородица се приготвува ручек. На прославата на празникот во селото доаѓаат многу иселени Јанчани како и гости, пријатели и роднини од соседните села.

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Печалбарството било и е карактеристично занимање или стопанска гранка на жителите на Јанче и воопшто на Мијаците. Печалбарењето како дејност се појавило во втората половина на XVII век. Тогаш цели тафи мајстори од најразлични профили како градежници, копаничари, зографи, трговци и различни занаетчии заминувале низ Балканот и земјите во Европа, па дури и во земјите на Мала Азија. Кај Мијаците, печалбарството доживеало експанзија во втората половина на деветнаесетиот век и станало основен извор за приходи за живот на семејствата од овие краишта кое пак уште повеќе се етаблирало како основна професија по ослободувањето на Србија, Романија подоцна и на Италија и Бугарија, како и по Илинденското востание и Балканските војни. Почетоците на луѓето што го напуштале сточарството и оделе на печалба им биле многу тешки. Никој од нив немал капитал за да отворат дуќан па поради тоа тие се делеле во две групи едни останувале сточари, а другите отварале дуќани и така полесно се снаоѓале и успевале.

Благодарение на вековната солидарност меѓу Мијаците, многумина од нив, од печалба успеале да остварат сигурна егзистенција за своите семејства дури и за следните поколенија. Поспособните и поснаодливите кои заминале на печалба и отвориле дуќан подоцна ги прифаќале новодојдените печалбари од нивниот крај кои останувале и работеле кај нив се додека не стекнат искуство и сопствен капитал за да можат и тие да станат сопственици на некоја работилница или дуќан. На печалба оделе домаќинките и машките деца од 8 до 12 годишна возраст, најчесто во Солун за да го научат јазикот. Ритуалното испраќање на печалба се подготвувало цел месец, а печалбарите најчесто барале и наоѓале работа во Гостивар, Скопје, Белград, Софија, Солун, Лариса, Москва, Каиро, Александрија, Букурешт, Верија, Сер и други.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле. 
  7. Димче, Коцо (1996) (на македонски). Археолошка карта на Република Македонија (прво издание). Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]