Лазарополе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лазарополе
Панорама на Лазарополе (3).jpg

Панорамски поглед на селото со средишен поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Лазарополе се наоѓа во Republic of Macedonia
Лазарополе
Местоположба на Лазарополе во Македонија
Координати 41°32′09″ СГШ 20°41′37″ ИГД / 
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки регион
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Општина Маврово и Ростуша
Население 0[1] жит.
Пошт. бр. 1253
Повик. бр. 042
Надм. вис. 1350 м
Слава Илинден
Мреж. место Лазарополе
Commons-logo.svg Лазарополе на Ризницата


Лазарополемијачко село во Општина Маврово и Ростуша, во рамките на малореканскиот крај, Западна Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лазарополе се наоѓа во близина на речната долина во Западна Македонија, која со нејзината северна страна се граничи со Шар Планина, на запад со планината Кораб, Дешат и Крчин, од исток со Бистра и Стогово, а од југ со Дебарската котлина, се вика Река. Низ оваа долина тече реката Радика, десна притока на Црн Дрим. Реката Радика настанува од две реки: Горна или Голема Pека и Мала Река. Извира од планината Кораб, а Мала Pека од ограноците на Бистра, во близина на селото Тресонче. Мала Pека, како лева притока на реката Радика, ги прибира во своето корито Селечка, Росочка, Гарска и други помали рекички како Осојска и Сушичка.

Во Mалореканскиот предел се наоѓаат селата Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари, Осој, Росоки, Селце и Сушица, познати како типично мијачки населби. Лазарополе е второ по големина село во Mалореканскиот предел и се наоѓа на 5 часа источно од Дебар на планината Бистра, прочуена по својата убавина. Населбата се наоѓа на 1350 метри надморска височина, изградена на карстно-варовничко поле по име Коритник. Околни планини се Јама и Лопушник на простор опкружен со бујни дабови и букови шуми, питоми планински пасишта. Поради овие поволни услови, во овој крај се развило и афирмирало сточарството, поточно овчарството познато по своите висококвалитетни производи, особено сирење и кашкавал. Со својата местоположба Лазарополе за свои непосредни соседи ги има селата: Росоки, Сушица, Галичник, Селце, Тресонче, Гари, Осој, Могорче, Ехловец и Душегубица.

Панорамски поглед на Лазарополе, погледнато од поставениот крст над селото

Клима[уреди | уреди извор]

Лазарополе има планинско континентална клима (според Кепен: Dfb), со повремени медитерански влијанија. Таа се карактеризира со свежи пријатни лета и со благи не многу сурови зими. Засолнетатa локација е примамлива за сите годишни времиња. Во летните месеци температурата достигнува до 30 степени над нулата, а преку зима варира, ведрите ноќи можат да бидат многу студени, а преку ден покрај голема бела снежна покривка да се ужива на пријатниот сончев припек.

Годишната просечна температура во Лазарополе изнесува 7,2°C. Како најтопол месец се смета август со просечна температура од 16,1°C. Во јануари температурите се најниски и просечната температура во тој месец изнесува -1,8°C. Просечните годишни врнежи изнесуваат 1029 mm. Најмалку врнежи има во месец јули, кога просечните врнежи изнесуваат само 49 mm. Најмногу врнежи има во месец ноември, кога изнесуваат 132 mm.

Клима на Лазарополе
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 2,1 3,0 6,3 10,6 15,6 19,0 22,2 22,4 18,8 13,2 7,7 3,9 12,1
Просечна температура (°C) −1,8 −0,9 2,0 5,9 10,5 13,6 16,0 16,1 13,1 8,4 3,8 0,1 7,2
Просечна минимална (°C) −5,7 −4,7 −2,2 1,3 5,4 8,2 9,8 9,8 7,4 3,7 0,0 −3,6 2,5
Просечно кол. врнежи (мм) 99 91 95 84 87 59 49 51 65 93 132 124 86
Извор: climate-data

Историја[уреди | уреди извор]

Лазарополе во 1861 година

Лазарополе настанало од раселените жители на две позначајни и познати селски населби. Првото е Главино Село кое се наоѓало на северозапад од Лазарополе и за кое се претпоставува дека било главно село во Мијачијата. Остатоци на ѕидови и темели од куќи на ова село се сѐ уште видливи на неговата местоположба. Второто село е Лопушник кое се наоѓало на исток од денешно Лазарополе, а од него останало само неговото име на една месност во Јама.

Од старите историски извори за потеклото и подалечното минато дознаваме дека тоа од своето постоење било населено со Македонци од православна вероисповед. Жителите на ова село припаѓале на познатото македонско словенско племе Мијаци. Во структурата на животот на Мијаците имало племенски совет. Во секое село имало племенски главатар. По разни поводи го повикувале народот на Собор.

Денешното село горело во пожар пред 360 години, па после тоа повторно се намножило.[2] Другото село било во месноста Лопушник каде има рушевини од црква и Анѓина Пештера, па и од овие места дошле луѓе во Лазарополе.[2] Селото е помладо од Тресонче и при основањето зафатило од неговиот синор (атар).[2] Лазарополци се заколнале на тресончани дека ќе газат своја земја па ги наполниле опинците со земја од своето село и така ја одржале заклетвата при што на тој начин го прошириле синорот на сметка на Тресонче.[2]

Македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот во својата патеписна статија за статистичко опишување на дебарска Река, објавена во „Цариградски весник“ на 1 ноември 1859 година, меѓу селата на Мала Река населени само со христијани го вбројува и Лазарево Поле со 230 куќи[3].

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Настанокот на името Лазарополе се поврзува со легендата која се одржува како предание селаните од Главино Село бегајќи од Турците се сокриле во пештерата Калина Дупка, каде ги издала „луда Калина“ па Турците ги загушиле со чадот од запалениот оган.[2] Само некој Лазар се спасил од пештерата од која излегол од другата страна во полето каде основал ново село.[2] Од неговото име Лазар кој излегол во полето и го основал новото село настанало името Лазарополе.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Калин Хотел
Дел од старите објекти изградени во време на социјализмот

Поради своите карактеристики на високопланинско село со многу пасишта, селаните отсекогаш се занимавале со сточарство и со правење на млечни производи и добиеното млеко од овците, кои ги чувале.

Воедно, селото заедно со Тресонче, било едно од дервенџиските села, односно неговите жители претставувале чувари на патот кој поминувал низ областа.

Исто така, како и сите мијачки села, и во Лазарополе, особено од XIX век се појавува печалбарството како начин за преживување.

Денес, селото станува омилено туристичко одредиште и е посетувано од многу домашни и странски туристи, особено во текот на летниот период. Од неодамна, во селото отворен е капацитетот „Калин Хотел“, кој располага со 16 пространи соби, како и одличен ресторан.

Население[уреди | уреди извор]

Поглед на новиот и стариот дел на селото

Според турските дефтери Лазарополе било христијанско село во нахијата Река, кое во 1536-39 година имало 84 семејства и 16 неженети. Во 1583 година пак имало 60 семејства и 44 неженети.[4]

Некаде околу 1900 година, селото се претпоставува дека имало дури 3000 жители, но потоа бројката значително се намалувала. Во 1948 година во Лазарополе живееле 792 жители. Според пописот од 1953 година, селото сè уште било релативно големо и броело 962 жители. После тој попис, бројката започнала драматично да опаѓа и во 1971 година имало 180 жители, само девет жители во 1981 година и двајца во 1994 година.

Денес селото е раселено.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 2640 3304 792 962 720 180 9 2 2 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Во Лазарополе од секогаш живееле исклучиво православни Македонци од племето или етнографската подгрупа Мијаци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на ХХ век во Лазарополе живееле следните мијачки македонски православни родови распоредени во: маалото Краста со семејствата Јосифовци, Ѓорговци и Лузевци кои слават Свети Никола, Кокалевци кои слават Свети Димитрија и чиј предок Кока дошол пред 200 (денес 290) години од местото Лукане во областа Мат во Албанија, Степановци кои слават Св. Богородица Пречиста и дошле од кичевското село Ехлоец.[2] Во родовското маало Чуповци живееле семејствата Чуповци кои слават Атанасовден и имале свои иселеници во с.Папарадиште во Азот (Велешко) каде е роден Димитрија Чуповски, Ѓорговци слават Св. Никола и Атанасовден, Пашовци и Зврлевци кои славеле Св. Никола, В'лчевци и Чуревци кои слават Св. Богородица Пречиста.[2] Во Горното Маало живееле семејствата Пунтевци и Батовци слават, Создановци слават Атанасовден, Дракуловци дошле од Росоки, а слават Св. Никола, Ололовци, Сулкинци, Поповци, Патеровци, Лучановци (Алкушовци) и Зеркинци сите слават Св. Никола, Смусинци дошле од селото Рапеш во Мариово исто слават Св. Никола.[2] Родовското маало Жунгуловци било основано од стариот дедо Жунгула (Џунгула) кој дошол од Елбасан пред 200 (сега 290) години и во него живееле семејствата Аџиевци, Гударовци, Куновци и Грдановци слават Св. Никола и Бобаќаровци кои слават Св. Богородица Пречиста.[2] Во Долното Маало живееле семејствата: Ѓурѓевци, Шаиновци и Палчевци слават Св. Никола, Кардалевци слават Св. Никола и дошле од околината на Солун од племето „Кардалиња“ (мелези) кои во набројувањето на македонските соеви ги споменува Ѓорѓија Пулевски, Филевци и Перинци именувани по жената Пера слават Св. Никола, Мажовци од кои потекнува Исаија Мажовски слават Св. Никола и дошле од родот Цунгуловци, Голибеговци дошле од селото Ехловец пред 200 (сега 290) години.[2] Најстари родови во Лазарополе биле Дамковци, Чуповци и Ѓешковци во Горно Маало каде најпрвин постоело село со 40 куќи, а останатите како Томпалевци дошле од Долно Мелничани, Саринци од Селце и од околните села.[2]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поштата во селото
  • Поранешно основно училиште
  • Пошта (затворена)
  • Амбуланта (затворена)
  • Метеоролошка станица

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуша, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуша, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуша се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина, во која покрај Лазарополе се наоѓале и Гари, Росоки, Селце и Тресонче. Самата Општина Лазарополе била дел од Дебарската околија. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Црквата „Св. Спас“
Цркви[9]
Археолошки локалитети[10]
Реки
Пештери

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Илинден — главна селска слава во селото
  • Лазарофест — фестивал во селото најчесто во склоп на целокупната прослава посветена на Илинден; биле одржани три изданија пред да се откаже неговото спроведување поради недостиг на финансиски средства
  • Лазарополе цути — фестивал на нарцисите

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 30 март 2013 г. 
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Смиљанић, Томе; Цвијић, Јован (1925). „Мијаци, Горна Река и Мавровско Поље“ (на српски). Насеља и порекло становништва. 20. Српска краљевска академија. стр. 99–101. 
  3. Хаџи Константинов - Џинот, Јордан (1859). Блаже Конески. уред. Статистическо описание на Дебрска Река в стара Болгарија. „Избрани страници“. Цариград: Цариградски Весник. стр. 88. 
  4. Населби и население во Македонија во XV и XVI век. Скопје, 2001
  5. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18. 
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]