Могорче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Могорче
Панорама на село (2).jpg

Панорамски поглед на селото

Могорче is located in Македонија
Могорче
Местоположба на Могорче во Македонија
Координати 41°31′50″N 20°37′23″E / 41.53056° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.53056; 20.62306Координати: 41°31′50″N 20°37′23″E / 41.53056° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.53056; 20.62306
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Grb-debar.jpg Дебар
Население 1794[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Надм. вис. 972 м
Мреж. место Могорче
Commons-logo.svg Могорче на Ризницата


Могорче — село во Општина Дебар, во областа Мала Река, во околината на градот Дебар. Селото е населено со Македонци-муслимани, Мијаци, од кои дел се изјасниле како Турци, поради политичко-религиски причини. Крај селото се наоѓа прочуениот мост Елен Скок.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Могорче се наоѓа во западниот регион на Македонија, поточно во Мијачијата попознат како Мала Река. Селото се наоѓа во подножјето на планината Стогово, односно под падините на планината Маруша, од левата страна на реката Радика. Селото е планинско, на надморска височина од 1020 метри. Од градот Дебар населбата е оддалечена 14,5 километри. Атарот зафаќа простор од 12,8 км2. на него преовладуваат шумите на површина од 740 ха, на пасиштата отпаѓаат 270 ха, а на обработливото земјиште 176 ха. Според, тоа селото има, во основа, мешовита аграрна функција.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 50 домаќинства со 18 жители муслимани (Македонци) и 120 христијани (Македонци).[2] Во трудот „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ-Лоноски, тој запишал дека исламизацијата на село Могорче се случила во 1877 година, кога во селото дошле Албанци, зулумќари и арамии, од селата Црнилиште и Десово од Прилепско.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Могорче живееле 786 жители, сите Македонци (770 муслимани и 16 православни).[4]

Могорче е имиграциона населба, која што прераснала од средна, во голема селска населба. Така, селото во 1961 година броело 788 жители, од кои 764 биле Турци, 10 Албанци и 13 жители Македонци, а во 1994 година 1630 жител, од кои 935 се Македонци, 169 Турци и 525 жители се декларирале како - други (муслимани).

Според пописот од 2002 година селото броело 1.794 жители[5], од кои:

Националност Вкупно
Македонци 1.408
Турци 376*
Роми 1
Албанци 1
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 1
Други 7

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 786[4] 688 652 703 788 1.089 1.297 1.642 1.630 1.794

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[7]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Втората светска војна (1941-1945), селото доживувало големи промени во поглед на миграцијата. Од 1959 до 1971 година имало голема преселба на жителите на селото во Турција. Економската миграција се случувала во периодот од 1965 кон Австрија, а од 1968 па сѐ до 1980 кон Германија, кога стагнирала до 1992 година. За време распадот на СФРЈ, жителите на Могорче биле на крстопат кој пат да го фатат, така од 1992 до денес најзастапена е економската, но и семејната миграција кон Италија.


Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
  3. Ристовска-Јосифовска, Билјана (2013). „Риста Огњановиќ-Лоноски за македонската историја и култура (дискурс од првата половина на XX век)“. Луческа, Ели; Димески, Звонко. 105 години од раѓањето на Јозеф Обрембски. Институт за старословенска култура - Прилеп, Институт за словенска филологија УАМ - Познањ. стр. 213. ISBN 978-608-4523-06-2. 
  4. 4,0 4,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.263.
  5. [1]
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]