Сушица (Дебарско)
Сушица — историско село во Дебарско, денес на територијата на Општина Дебар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало во областа Дебарско Поле, а историски во Горни Дебар. Лежело околу 2 км југоисточно од Коњари и денес се наоѓа во неговиот атар.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Сушица било мало село во Дебарската Каза на Отоманското Царство. Населението било македонско, но постои нејаснотија во врска со неговата вероисповед. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сушица (Souchitza) била село со 8 домаќинства, со вкупно 17 „Албанци“ муслимани.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сушица имала 76 жители, сите Македонци христијани.[3][4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 178-179.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 259. ISBN 954430424X.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|