Кривци
- За егејското село видете Кривци (Гребенско).
Кривци | |
![]() Куќи во селото | |
Координати 41°32′38″N 20°31′38″E / 41.54389° N; 20.52722° EКоординати: 41°32′38″N 20°31′38″E / 41.54389° N; 20.52722° E | |
Општина | ![]() |
Население | 9 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 08001 |
Надм. вис. | 1002 м |
![]() |
Кривци — село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горен Дебар во Западна Македонија. Селото се наоѓа на падините на Дешат. Оддалечено е 5 километри северно од Дебар.
Историја[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства со 95 жители муслимани (Македонци) и 104 христијани (Македонци).[1]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кривци живееле 330 жители, од кои 250 Албанци и 80 Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кривци имало 46 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 9 жители, сите Албанци.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330[2] | 46[3] | 110 | 119 | 110 | 100 | 42 | 8 | 54 | 9 |
Родови[уреди | уреди извор]
Кривци е албанско село. А порано имало и Македонци во селото
Според истражувањата од 1954 година родови во селото се:
Албански:
- Староседелци: Караметовци (2 к.), Абдушовци (1 к.) и Сеферовци (1 к.)
- Доселеници:
- Села (6 к.) доселени се околу 1832 година од селото Паламат во Лузнија, Албанија, на левата страна на Црн Дрим.
- Баша или Џило (1 к.) доселени се околу 1865 година од селото Душиште кај Пешкопеја во Албанија.
- Рустановци (1 к.) доселени се кога и претходниот род од некогашното село Варварица близу селото Баниште.
- Дардеш или Бегунец (1 к.) доселени се околу 1908 година од селото Бегунец близу Пешкопеја во Албанија. Подалечно потекло имаат од местото Дарда на Дрим.
- Лаловци (1 к.) доселени се од селото Селиште кај реката Мура на Црн Дрим во Албанија. Се доселени околу 1920 година.
- Казијовци или Казиу (1 к.) доселени се од истото место како и Лаловци.
- Велијовци (1 к.) доселени се од селото Хаме во 1925 година.
Македонски:
- Доселеници:
- Крстевци или Новковци (1 к.) доселени се околу 1814 година од селото Делогожди кај Струга.[6]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 550 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на дисп. студии на дту (поранешна касарна). Во ова изборно место се опфатени и населените места: Кривци, Дебар, Баниште, Хаме.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 301 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Алакати — средновековна некропола;
- Ограѓе — некропола од римско време и средновековна црква;
- Опре — средновековна некропола;
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од ова село и православното и муслиманското население се селело. Од муслиманите иселеници има во Дебар, Тирана, Истанбул, Анкара, и во други места во Албанија и Турција.
Од православното население иселеници има во Скопје и Бугарија, највеќе во Софија. Потекнуваат од родот Крстевци или Новковци. Во Бугарија и целосно се иселил родот Кукевци.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 152-153.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав. Дебарско Поље.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Кривци“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Кривци на Карти на Google
|