Дрим
Дрим | |
Drini | |
Река | |
Утоката на Бојана во Дрим
| |
Земја | Албанија |
---|---|
Извор | утоката на Бел и Црн Дрим |
- место | Кукс |
- координати | 42°04′N 20°25′E / 42.067° СГШ; 20.417° ИГД |
Утока | Јадранско Море |
- координати | 41°45′2″N 19°34′19″E / 41.75056° СГШ; 19.57194° ИГД |
Должина | 335 км |
Дрим (албански: Drini) — најдолга река во Албанија, со вкупна должина од 335 км.[1] Има две растоки, од кои едната оди право во Јадранското Море, а другата во реката Бојана („Буна“ во Албанија).
Настанок[уреди | уреди извор]
Дрим настанува со слевање на Црн Дрим што извира во Струга и Бел Дрим кај Кукс во источна Албанија. Од ова место до вливот во Јадранското Море, Дрим е долг 160 км. Меѓутоа, доколку се мери од изворот на Бел Дрим, реката е долга цели 335 км — со тоа најдолгата река во Албанија.[1] Црн Дрим истекува од Охридското Езеро во Струга и тече низ Македонија и Албанија. Бел Дрим извира во планината Жлеб, (северно од Пеќ во Метохија) тече кон Албанија.[2]
Течение[уреди | уреди извор]
Од Кукс, Дрим тече низ северна Албанија, и тоа прво кај Хас, па низ Спас, Мси и Фиерз. Кога ќе навлезе во Метохија, се спушта во јужен правец. Потоа влегува во ниската Скадарска Рамнинца и се двои на два ракава. Едниот се влева во Дримскиот Залив (Pellg i Drinit) на Јадранското Море југозападно од градот Леска. Другиот се влева во реката Бојана кај тврдината Розафа. Иако е пократок, овој ракав што завршува во Бојана се нарекува „Голем Дрим“ (Drini i Madh) бидејќи е многу пополноводен. Сè до 1858 г. во морето се влевал и Голем Дрим, но таа година настанала поплава што го пренасочила кон Бојана. Овој дел е многу широк и носи големи количества вода (320 м³/с), дотолку што фигурира како езеро на некои карти. По ова место, продолжува на југ и минува низ Бушат, Маб, Гајдар, Леска и Медово. Јужно од Меска навлегува во ниско плавно поречие, низ мочуришта, па завршува во Јадранското Море.
Стопанска важност[уреди | уреди извор]
Дрим игра многу важна улога во албанското стопанство како главен извор хидроенергија. Трите брани на реката произведуваат речиси сета струја во земјата. Најголемо вештачко езеро е Фиерза (73 км2), а по него следува Вау и Дејс (25 км2).
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Tom Streissguth (2011). Albania in Pictures. Twenty-First Century Books. стр. 12. ISBN 978-0-7613-6378-1. Посетено на 26 септември 2013.
- ↑ Klement Tockner; Urs Uehlinger; Christopher T. Robinson (31 јануари 2009). Rivers of Europe. Academic Press. стр. 1156. ISBN 978-0-08-091908-9. Посетено на 26 September 2013.
- Мала Просветина енциклопедија, III изд. (1985); Просвета; ISBN 86-07-00001-2
- Јован Ђ. Марковић (1990): Енциклопедијски географски лексикон Југославије; Свјетлост-Сарајево; ISBN 86-01-02651-6
Поврзано[уреди | уреди извор]
![]() |
„Дрим“ на Ризницата ? |