Кукуш (Албанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кукс)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 42°04′N 20°25′E / 42.067° СГШ; 20.417° ИГД / 42.067; 20.417

Кукуш
Kukës
Kukës (Albania).jpg
Кукуш is located in Албанија
Кукуш
Кукуш
Координати: 42°04′N 20°25′E / 42.067° СГШ; 20.417° ИГД / 42.067; 20.417
Држава Албанија
ОбластКукуш
ОкругКукуш
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2001)
 • Вкупно17.222
Часовен појасЦентрално Европско Време (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
ЗИП код8501-8503
Повик. бр.024
Регистарски табличкиKU
Мреж. местоbashkiakukes.com

Кукуш (Кукс, Кукес, Кукеш; албански: Kukës, Кукс) — град и центар на истоимената област на северот на Албанија. Според пописот извршен во 2001 година, во Кукуш живееле 17.222 жители.

Градот се наоѓа во планинската област во северна Албанија блиску до границата со Србија.

Градот е преместен во времето на изградбата на хидроелектраната и вештачкото езеро Фјерза на реката Дрим во 1976 година. Стариот град Кукуш тогаш бил потопен. Денешниот град, изграден во 1970-те, порано го имал и називот Нов Кукуш (Kukësi i Ri).

Областа и градот имаат слаба патна поврзаност со остатокот од земјата. Населението е сиромашно, а криминалот претставува голем проблем.

Земајќи ја предвид географската локација на градот, во близина на етно-историскиот македонски регион Гора, како и доселувањата од горанските села во градот, се претпоставува дека во Кукуш живеат околу 2.000 Македонци од областа Гора[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Центар за етнички истражувања(Qendra për Hulumtime Etnike)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]