Бистрица (Албанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бистрица
Bistricë
MesopotamAmFlussBistrica.JPG
Канализиран тек на Бистрица во Месопотам
Земја Албанија
Слив
Главен изворСино Око, Валонска област, Албанија
УстиеЈонско Море
39°50′38″N 20°1′52″E / 39.84389° СГШ; 20.03111° ИГД / 39.84389; 20.03111Координати: 39°50′38″N 20°1′52″E / 39.84389° СГШ; 20.03111° ИГД / 39.84389; 20.03111
Физички особености
Должина25 км
Проток
  • Просечен:
    40,4 м3/с (август) - 66,4 м3/с (зиме)
Бистричкото Езеро на реката
Бистрица (Албанија) is located in Албанија
извор
утока
Изворот и утоката на Бистрица

Вистрица (албански: Bistricë) — река во југозападна Албанија со должина од 25 км. Претставува единствената река во земјата што се влева во Јонското, наместо во Јадранското Море.

Географија[уреди | уреди извор]

Реката почнува од планината Сопот (Ѓера) кај Фојник (Финиќ). Главниот извор е Сино Око (Syri i Kaltër) кај с. Кронги, но водата се собира и од изворите кај блиските села Печа, Гардикак, Велјахово и други.[1] Минува низ подрачјата на Месопотам и Фојник, долж патот Саранда - Ѓирокастро.

Првобитно, реката се влевала во Бутринтското Езеро, кое е поврзано со Јанското Море преку каналот Вивари, но во 1958 г. е пренасочена кон каналот Чука.

Стопанство и туризам[уреди | уреди извор]

Реката не е пловна, но во 60-тите години на XX век на неа е изградено вештачкото Бистричко Езеро (Liqeni i Bistricës) со три хидроцентрали.[2] Во извесна мер,а водата се користи и за наводнување на полињата на блиското село Кенурио (Вург). Капацитетите се приватизирани во 2010 г., проследено со многу контроверзии.[3][4]
Познато туристичко место е карстниот извор на реката наречен Сино Око кај с. Кронги на место богато со растителен и животински свет.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Sjöberg, Örjan. "A Contribution to the Geography of Hydro-Electric Power Generation in Albania", Osterreichische Osthefte [Vienna], 29, No. 1, 1987, 5-27. ISSN 0029-9375
  • Mevlan Kabos; Eshref Pumo; Farudin Krutaj. "Gjeografia fizike e Shqipërisë : në dy vëllime", Qendra e Studimeve Gjeografike (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë), 1990–1991, 112. OCLC 38055712

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]