Фојник (Албанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фојник
Finiq
општина
Возвишенијата на Делвина и ридот на Фојник во средината, зад рамницата
Возвишенијата на Делвина и ридот на Фојник во средината, зад рамницата
Фојник is located in Албанија
Фојник
Фојник
Координати: 39°54′N 20°3′E / 39.900° СГШ; 20.050° ИГД / 39.900; 20.050Координати: 39°54′N 20°3′E / 39.900° СГШ; 20.050° ИГД / 39.900; 20.050
Земја Албанија
ОбластВалона
Површина
 • општина441,20 км2 (17,030 ми2)
Население (2011)
 • општина11.862
 • општина густина0.27/км2 (0.70/ми2)
 • општинска единица1.333
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.9716
Повик. бр.0895
Рег. таб.DL

Фојник (албански: Finiq, грчки: Φοινίκη, Финики) — село и општина во јужна Албанија, 8 км од брегот на Јонското Море и 20 км северно од границата со Грција. Административно претставува дел од Валонската област, а се наоѓа во историската област Северен Епир. Општината е создадена во 2015 г. со реформа на месната управа, спојувајќи ги дотогашните општини Алико, Дебар, Фојник, Ливаѓе и Месопотам, кои сега се општински единици. Административен центар е селото Дермиш.[1] Во 2011 г. општината имала 11.862 жители и зафаќала 441 км2.[2] Општинската единица Фојник (поранешната општина) по истите податоци има 1.333 жители.[3]

Мајчин јазик на жителите е грчкиот[4]. Општинската единица Фојник се состои од селата Фојник, Буроња, Члирим, Вриони, Караџа, Брегас (Вромеро) и Сајани (Блеримас).[5]

На подрачјето на општината се наоѓа античкиот град Фојника — центар на епирското племе Хаонци.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]