Малик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малик
Maliq
општина
Општинската управа на Малик
Општинската управа на Малик
Грб на Малик
Грб
Малик is located in Албанија
Малик
Малик
Координати: 40°42′30″N 20°42′0″E / 40.70833° СГШ; 20.70000° ИГД / 40.70833; 20.70000Координати: 40°42′30″N 20°42′0″E / 40.70833° СГШ; 20.70000° ИГД / 40.70833; 20.70000
Земја Албанија
ОбластГорица
Надм. вис.&10000000000000825000000825 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Мреж. местоbashkiamaliq.gov.al

Малик (албански: Maliq, порано: Malik) — гратче и општина во Горичката област, југоисточна Албанија. Ова е помалиот од двата града во областа, од кои другиот е Горица (Корча), оддалечен 11 км на југоисток од Малик. Денешната општина е создадена во 2015 г. со управната реформа во која се споени дотогашните општини Врешта, Гора, Либовник, Малик, Моглица, Пирк и Полјани.[1] Во 2011 г. вкупното население на територијата на денешната општина изнесувало 41.757 жители, и истата зафаќала површина од 656,34 км2.[2] Во 2011 г. тогашната општина Малик (денес општинска единица) броела 4.290 жители,[3] состоејќи се од Малик, Коланец, Гоча, Ѓирас, Бачка, Малик-Околина и Беловиште.[4]

По гратчето Малик било наречено и поранешното Маличко Езеро кое лежело во денешното Горичко Поле и било исцдено во 1940-тите со цел да се спречи ширењето на маларија и да се добие обработливо земјиште.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Гратчето се развило поради присуството на фабриката за преработка на шеќерна репка, отворена во 1951 г. со парична помош од Советскиот Сојуз. При отворањето, фабриката била способна за обработка на 1.000 тони репка, а подоцна проширена на 2.400 тони. Фабриката е затворена во 1990-тите, што довело до значителна невработеност во градот.[5]

Спорт[уреди | уреди извор]

  • ФК „Малик“ (KF Maliqi) — фудбалски клуб во сопственост на општината, основан кон крајот на 1990-тите; домашен стадион е „Јован Аско“ во Малик со сместивост од 1.500 гледачи; игра во Втората фудбалска лига на Албанија.

Населени места во општината[уреди | уреди извор]

Денешната Општина Малик (Bashkia Maliq) е поделена на 7 општински единици со вкупно 82 населени места.

Општинска единица Врешта[уреди | уреди извор]

Општинската единица Врешта опфаќа 4 населени места со вкупно 7.513 жители (2011). Нејзино седиште е селото Врешта (Vreshtas).

Општинска единица Гора[уреди | уреди извор]

Општинската единица Гора (Gorë) опфаќа 18 населени места со вкупно 1.565 жители (2011). Нејзино седиште е селото Ложани (Lozhan).

Општинска единица Либовник[уреди | уреди извор]

Општинската единица Либовник опфаќа 13 населени места со вкупно 8.922 жители (2011). Нејзино седиште е селото Либовник (Libonik).

Општинска единица Малик[уреди | уреди извор]

Општинската единица Малик опфаќа 7 населени места со вкупно 4.290 жители (2011). Нејзино седиште е гратчето Малик (Maliq).

Општинска единица Моглица[уреди | уреди извор]

Општинската единица Моглица опфаќа 17 населени места со вкупно 951 жител (2011). Нејзино седиште е селото Моглица (Moglicë).

Општинска единица Пирк[уреди | уреди извор]

Општинската единица Пирк опфаќа 11 населени места со вкупно 7.652 жители (2011). Нејзино седиште е селото Пирк (Pirg).

Општинска единица Полјани[уреди | уреди извор]

Општинската единица Полјани опфаќа 12 населени места со вкупно 10.864 жители (2011). Нејзино седиште е селото Полјани (Pojan).

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Prendi, F. “La civilisation préhistorique de Maliq”, Studia Albanica 1, 1966 : 254–266.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]