Белград (Албанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Берат
Градот гледан од замокот на Берат
Градот гледан од замокот на Берат
Координати: 40°42′ СГШ 19°57′ ИГД / 
Управа
Население (2011)
 • Вкупно 32.606
Повик. бр. 32
Мреж. место bashkiaberat.gov.al/en/

Белград или Берат (албански: Berat; турски: Belgrad) е град во јужно-централна Албанија и центар на истоимената околија. Според податоците од 2003 година, во него живеат околу 45.500 жители.

Историја и име[уреди | уреди извор]

Се смета дека Берат/Белград е еден од најстарите градови во Албанија, формиран уште во 6 век п.н.е. како илирска населба. Во 2 век п.н.е., градот паднал под римска власт и бил познат под името Антипатреја, а бил споменат од Полибиј и Ливи, како и во списокот на утврдувања на императорот Јустинијан. Во византискиот период, градот бил познат како Пулхериополис (според византиската царица од 5 век, Пулхерија). Од 860 година, градот се наоѓал под бугарска власт и тогаш се зголемило неговото значење; потоа бил дел од Самоиловото царство;[1] а подоцна паднал под српска власт. Во тој период, Белград бил под духовна јурисдикција на Охридската Архиепископија. Сегашното оме на градот за првпат било споменато во 1018 година.[2] Најпознатиот доцновизантиски историчар и хроничар, Никифор Глигора, градот Белград/Берат го преставил како македонски град.[3] Во 1417 година, градот паднал под Отоманско владеење и останал под отоманска власт сè до 1912 година, кога се создаlа албанска држава. Но, и покрај отоманската власт, во 1809 година, градот го зазел под своја контрола Али Паша, кој имал албанско потекло, а во 1867 Белград станал санџак во Јанинскиот вилает. Во текот на 19 век, во Белград се случувале битни настани поврзани со албанската национална преродба. Тој станал база за поддршка на Призренската лига, а во ноември 1944 година во Берат била прогласена привремената влада од страна на Антифашистичкиот народно-ослободителен совет на Албанија, со што започнал комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.

Културно-историски знаменитости[уреди | уреди извор]

Градот е познат како „Градот на илјада прозорци“, поради големите прозорци кои ги красат куќите. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа џамија од 15 век, како и бројни цркви (Св. Троица, Св. Илија) кои припаѓаат на Албанската православна црква, чијашто автокефалност била прогласена токму во Берат, во 1922 година. Во 16 век, во градот се развила познатата иконографска школа Онуфри, додека православната катедрала била реставрирана во 18 век. Најпознатите населби во градот се Мангалем и Горица, кои се наоѓаат на спротивните страни на реката Осум.[4] Исто така, Берат е познат по тврдината, позната како Кала, претежно изградена во 13 век, но чии почетоци датираат од 4 век п.н.е., додека голем дел од тврдината потекнува од средината на 4 век. Благодарение на богатото историско наследство од отоманскиот период, во 2008 година, централното подрачје на Берат било ставено под заштита на УНЕСКО.[5]

Природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во градот и во околината на Берат има повеќе природни знаменитости, како:[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 21.
  2. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 22.
  3. и Македонците во делото на Никифор Григора|Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора
  4. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 22-24.
  5. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 15, 21 и 24.
  6. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 26.