Горица (Албанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Горица
—  Општина  —
Поглед кон Горица

Грб
Горица се наоѓа во Албанија
Горица
Координати: 40°37′ СГШ 20°46′ ИГД / 
Држава Албанија
Област Горица
Округ Горица
Основан 15 век
Управа
 • Градоначалник Сотираќ Фило
Надм. вис. 850 м
Население (2013)
 • Вкупно 51.683 жит.
Час. појас Central European Time (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број 7001-7004
Повик. бр. (+355) 082
Рег. табл. KO
Портал bashkiakorce.gov.al

Горица или Корча (албански: Korçë, грчки: Κορυτσά, влашки: Cоrceaо, турски: Görice) — град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија. Општината е создадена во 2015 г. со спојување на дотогашните општини Дреново, Горица, Лејка (Лекас), Дворани, Булгарец, Виткуќ, Воскоп и Москополе, кои станале општински единици.[1] Според пописот од 2011 г. населението на сегашната општина брои 75.994 жители, а тогашната општина зафаќала 805.99 км2.[2] Според истиот попис, тогашата општина броела 51.152 жители.[3]. Ова е шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава.

Градот денес[уреди | уреди извор]

Во Горица живее голема влашка заедница, како и бројно македонско население, а исто така и голем број на православни етнички албанци. Локалното радио од овој град емитува и програми на македонски јазик наменети за етничките Македонци од тој крај. Oд 2010 година во Горица зрачи и локална телевизија (ТВ Кристал) на македонски јазик.[4]

Во Горица било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња од страна на ароманскиот (влашкиот) учител Хараламбие Баламачи (подалечен роднина на Константин Белемаче, авторот на влашката химна), кој по отворањето на училиштата за Албанците, отворил и повеќе влашки училишта во Горица.

Име[уреди | уреди извор]

Градот е именуван различно во други јазици: грчки: Κορυτσά, Koritsá; италијански: Coriza; турски: Görice.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]