Драч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драч
Durrës
Mестоположба
Општи податоци
Име
- изворно
Драч
  Durrës
Портал http://www.durres.gov.al/
Управа
Земја  Албанија
Градоначалник Ванѓуш Дако (Партија на социјалистите)
Географија
Население
Драч
(Photo by Marc Morell)

Драч или Дрча (албански: Durrës; италијански: Durazzo; грчки: Δυρράχιο) е приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Тој се наоѓа во средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003, во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко македонско население.

Историја[уреди | уреди извор]

Амфитеатарот во Драч бил изграден во 2 век.

Драч бил основан под името Епидамнос, од страна на грчките колонисти од Коринт и Керкира во 627 година п.н.е. Од 229 год. п.н.е. потпаднал под власт на Римјаните кои му го дале името Диракиум (Dyrrhachium) и изградиле пат до Солун (Виа Егнација), кој подоцна бил продолжен до Константинопол.

Градот под римска управа напредувал како значаен трговски пристанишен центар. Околу 430 год. тука бил роден императорот Анастасиј I. За време на преселбата на народите бил изложен на упади од страна на варварите, но сепак останал под управа на Византија.