Елбасан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елбасан
Населено место
Elbasan 1.jpg
Грб на Елбасан
Грб
Елбасан се наоѓа во Албанија
Елбасан
Координати: 41°06′ СГШ 20°04′ ИГД / 
Земја  Албанија
Област Елбасан
Управа
 • Градоначалник Ќазим Сејдини (Социјалистичка партија на Албанија)
Површина
 • општина 872,03 км2
 • општинска единица 12,90 км2
Надм. вис. 150 м
Население (2015)
 • општина 141.714
 • општина густина Лошо заокружување1.6.251.046.408.954.0/км2
 • општинска единица 79.810
 • општинска единица густина Лошо заокружување61.868.217.054.264/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр. 3001-3006
Повик. бр. 054
Рег. таб. EL
Мреж. место www.elbasani.gov.al
Тврдина на Елбасан

Елбасан или Коњух (албански: Elbasani) — град на реката Шкумба во средна Албанија во кој, според податоците од 2011 г, живеат околу 79.810 жители. Елбасан е еден од најголемите градови во Албанија и е административен центар на истоимената област којашто опфаќа 4 околии: Елбасанска околија, Грамшова околија, Либраждова околија и Пеќинска околија. Во Елбасан живее бројна македонска заедница. Словенскиот назив за градот е Коњух.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на историјата, Елбасан бил под контрола на различни народи, Турци, Срби, Бугари, Австријци и Италијанци. Градот останал центар на исламот во Албанија и после турската власт. Откако на Битолскиот конгрес во 1908 година латиницата е избрана за пишан албански јазик, муслиманските активисти, под влијание на Младотурците, одржале демонстрации за арапско писмо во Елбасан.

До почетокот на Втората светска војна, Елбасан личел на типичен османски град, со мешавина на источни и средновековни згради, тесно поплочени улици и голем пазар.

Култура[уреди | уреди извор]

Во центарот на градот постои православна црква, а околу 7 километри надвор од градот постои стар манастир и православна црква каде што моштите на Јован Владимир, чувани од 1381 до 1995 година, се префрлени во соборната црква во Тирана.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]