Стеблево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стеблево
Населба
Област Албанија
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)

Стеблево e село во Албанија, поранешна општина во административната област Елбасан. Со реформата за самоуправа од 2015, Стеблево станало дел од општината Либражд. Според пописот од 2011, населението броело 809 жители,[1] Мнозинството се етнички Македонци и во селото се зборува македонскиот јазик.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Голо Брдо, во источниот дел на Албанија. Селото се состои од три маали: Суска Маала, Леска и Дишовци. Од најблискиот поголем град (Дебар) селото е одалечено околу 40км југозападно. Селото се наоѓа и во непосредна близина со границата на Република Македонија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011 година, во селото Стеблево имало 809 жители. [3]

Родови[уреди | уреди извор]

Стеблево денес е воглавно торбешко село, додека во минатото во селото имало и православни-македонски фамилии.

Како најстари православни родови во ова село се спомнувале: Рајковци, Стевовци и Ѓерановци кои биле и основачи на селото, и се доселиле од денес влашкото село Магарево. Тие биле од македонско словенско потекло, а во Стеблево се населиле од средината на 18ти век, т.е во периодот кога се доселувале Власите во селото Магарево.[4][5]друг православен род во селото бил Мациновци или Кољовци кои се доселиле од местото Мартинеши.

Муслимански родови биле: од родот Мациновци биле двајца браќа од кои едниот го примил исламот. Потоа во селото е родот Петровци со околу (60 к.) тие додека биле православни биле многу богати и ја терале стоката на разни места во Албанија. Тие си ја промениле верата, но си го задржале старото име. Грујовци тие биле доселени од Подгорица во Црна Гора, а имале православни роднини во селото Пискупштина во Дримкол.[4]

Култура[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Огромен број од православното население на ова село се има иселено. Населението е иселено воглавно во Македонија, но има иселеници и во некои места во Албанија и во Грција. После поделбата на Македонија во 1913 година еден дел од православното население се има поместено од другата страна на границата каде го основале селото Лакаица. Покрај во Лакаица голем број на население се има иселено во Скопје, каде го имаат основано маалото Дебар Маало, исто поголем број население се има иселено и во градот Солун околу (10 к.), а во помала мера иселеници има и во Дебар и Битола.[4] Во постаро време од ова село како домазетовци се иселувале и во одредени дримколски села.[6]

Од муслиманите има иселеници во Елбасан, а исто така и во дримколските села Бороец и Лабуништа.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 2011 census results
  2. Vidoeski, Božidar. Dijalektite na makedonskiot jazik I. Skopje: MANU. 1998.
  3. 2011 census results
  4. 4,0 4,1 4,2 Филиповиќ, Миленко. Голо Брдо. 
  5. Трифуноски, Јован (1998). Битолско-прилепска котлина. Белград: САНУ. 
  6. Филиповиќ, Миленко. Дебарски Дримкол. 
  7. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]