Тучепи
Тучепи Tuçep | |
---|---|
село | |
Координати: 41°26′43″N 20°29′54″E / 41.44528°N 20.49833°E | |
Земја | ![]() |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Острени |
Надм. вис. | 764 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Тучепи (албански: Tuçep) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани,[1] иако порано било со мешана вероисповед.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на неколку стотини метри западно од границата со Македонија. Од другата страна, на 1 км источно лежи селото Отишани во Општина Дебар. Крај селото во северен правец минува Остренски Поток по кој понасевер оди по државната граница и го добива името Мирешница пред да се влее во Црн Дрим кај Миреши.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Тучепи било македонско село во Дебарската Каза на Отоманското Царство, во процес на исламизација. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тучепи (Toutchépi) е село со 20 домаќинства сочинети од 18 Македонци-муслимани (Торбеши) и 32 Македонци-христијани.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Тучепи живееле 20 Македонци-христијани и 160 Македонци-муслимани.[2][4]
По податоци на Бугарската егзархија, на крајот од XIX век православното население на Тучепе се состоело од 6 куќи со 21 жител, Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тучене (Toutchené) имало 32 православни Македонци, сите под егзархијата.[2][5]
Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Тучепи имало 4 македонски православни и 41 торбешка куќа.[2][6] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Тучепи имало 6 православни македонски куќи со 21 жител.[2][7]
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. „Отишани - Тучепи“ имало 5 православни македонски куќи.[2][8]
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Тучепи се води како село со 50 куќи на Македонци-муслимани.[9]
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Видоески, Божидар (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, том I (PDF). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 339. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-06-20.
Во повеќето од спомнативе села живее население - со македонски и со албански мачин јазик. Албанското население доминира во северните голобрдски села (Себишта, Пасинки, Врмница, Големо и Мало Острени). Селата: Лешничани, Требиште, Српетово, Торбач, Љуболези, Владимирица и Тучепи се населени со Македонски муслимани (Торбеши), а во Себишта, Требиште, Г. и М. Острени живее мешано население - православни и Торбеши.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 152–153.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
- ↑ Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
- ↑ Отчет на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
- ↑ Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
|
|