Мало Острени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мало Острени
Ostren i Vogël
село
Мало Острени is located in Албанија
Мало Острени
Мало Острени
Координати: 41°25′46″N 20°29′44″E / 41.42944° СГШ; 20.49556° ИГД / 41.42944; 20.49556Координати: 41°25′46″N 20°29′44″E / 41.42944° СГШ; 20.49556° ИГД / 41.42944; 20.49556
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Острени
Надм. вис.&10000000000000846000000846 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Мало Острени (албански: Ostren i Vogël) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи на 1,5 км југозападно од границата со Македонија, каде од другата страна е селото Отишани, Општина Дебар. На запад е Големо Острени, а на слично растојание на север е Тучепи. Крај селото во северен правец минува Остренски Поток по кој понасевер оди по државната граница и го добива името Мирешница пред да се влее во Црн Дрим кај Миреши.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Острење (Malo Ostrénié) било село од 90 домаќинства со 155 жители Македонци-муслимани (торбеши) и 103 Македонци-христијани.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Мало Острени живееле 78 Македонци-христијани и 400 Македонци-муслимани.[2][4] Второспоменатите биле во процес на албанизација:

Жителите на селата Острени (Големо и Мало), Трново (Големо и Мало), Клење, Летен, Џепишта, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитат да се изјаснуваат како Арнаути и да зборуваат арнаутски.[5]

Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:

Мало и Големо Острени се заземени од торбешите (потурчени Македонци) во тие села, и веќе нема останато Македонци-христијани, освен две куќи во второспоменатото.[2][6]

Според статистика на весникот во 1911 г. во Мало и Големо Острени имало 14 македонски христијански куќи под врховенството на Бугарската егзархија и 230 торбешки куќи.[2][7] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Малестрани имало 12 македонски христијански куќи со 69 жители.[8]

По податоци на егзархијата на крајот од XIX век во Мало Острене имало 12 православни куќи со 69 жители Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мало Острени (Malo-Ostreni) имало 120 жители (христијани) под егзархијата.[2][9]

Во Албанија[уреди | уреди извор]

По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија.

Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. Малострени имало 17 православни македонски куќи.[2][10]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Мало Острени се води како село со 100 куќи, од кои дел се православни Македонци, а останатите се торбеши.[2][11]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

Родови[уреди | уреди извор]

Според Миленко Филиповиќ, православниот род Јанковци во Мало Острени бил доселен од Косовец.[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Видоески, Божидар (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, том I (PDF). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 339.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 90. ISBN 954430424X.
  6. Дебърски глас, година 1, брой 2, 12 април 1909, стр. 2.
  7. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  8. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 152–153.
  10. Отчет на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
  11. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
  12. Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 37.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]