Борово (Голо Брдо)
Борово Borovë | |
---|---|
село | |
Координати: 41°20′45″N 20°25′47″E / 41.34583° СГШ; 20.42972° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Елбасан |
Општина | Либражд |
Општ. един. | Стеблево |
Надм. вис. | 927 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | LB |
Борово (албански: Borovë) — село во општината Либражд на Елбасанската област, источна Албанија.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи северозападно од Стеблево, североисточно од Забзун и југозападно од Клење. Крај селото минува Боровска Река која на запад се влева во Окштунска Река.
Историја
[уреди | уреди извор]Според едно предание, селото го основале влашки сточари.[1] Албанизацијата на Борово и Забзун почнала порано, но населението долго време останало двојазично. Жителите се албанизирани торбеши (Македонци-муслимани).
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боро (Boro) е село со 50 домаќинства сочинети од 113 „Албанци-муслимани“ (се мисли на поалбанчени или мешани).[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Борово живееле 280 Македонци-христијани, но ова може да е грешка.[3][4]
По Балканските војни во 1913 г. Борово влегло во состав на новосоздадена Албанија.
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во август 1930 г. Борово веќе се води како село со 70 куќи на „Албанци“.[5]
Според податок на Миленко Филиповиќ издаден во 1940 г. селото броело 180-200 куќи, чии жители зборувале нечист албански, но тој не бил правилен, туку мешан со македонски.[1]
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Стеблево.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Во 1940 г. М. Филиповиќ забележал дека г-ѓа Милјана, мајката на скопскиот претприемач Јован Дамјанов Вичишки била од Борово.[1]
Според истражувањата од XX век во Корошишта, Струшко живе родот Борова, кои се доселеници од Борово. Според истражувањето на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите родот опфаќал 6 куќи во селото,[6] а според сознанијата на Јован Трифуноски од 1977-79 г. истиот нараснал на 12 куќи.[7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 39.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 178-179.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
- ↑ Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
- ↑ Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Корошишта. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
|
|