Општина Дебар
| Општина Дебар | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Регион | Југозападен | ||
| Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија) | ||
| Седиште | Дебар | ||
| Населени места | |||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Фисник Мела (Вреди) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 145,67 км2 (56,24 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 15.412 | ||
| • Густина | 110/км2 (270/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +046 | ||
| Регистарски таблички | DB | ||
| Мреж. место | dibra.gov.mk | ||



Општина Дебар — општина во Западна Македонија. Седиште на општината е градот Дебар. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 19.542 жители, од кои мнозинството се Албанци и Македонци.
Географија
[уреди | уреди извор]Општина Дебар се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 142.67 км2. На исток граничи со Албанија, на југ со Центар Жупа и Струга, на исток со Кичево и на север со Маврово и Ростуше. Во општината се наоѓаат планината Крчин и Дебарското Езеро.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главен стопанско објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Градското население во општината се занимава со трговија, производство и услуги, а руралното население со сточарство, земјоделство и шумарство.
Демографија
[уреди | уреди извор]- Население
Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 19. 542 жители со густина на население од 134.15 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[2][3]
| Народ | Жители | Удел |
| Македонци* | 3.911 | 20,01% |
| Албанци* | 11.348 | 58,07% |
| Турци* | 2.684 | 13,73% |
| Роми | 1.080 | 5,53% |
| Срби | 22 | 0,11% |
| Бошњаци | 3 | 0,02% |
| Власи | 2 | 0,01% |
| останати* | 492 | 2,52% |
- *Треба да се напомене дека иако во Дебар се попишани 1.415 луѓе како Турци, тоа се всушност Македонци муслимани со оглед на тоа дека од попишаните Турци 98% за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот. Со тоа бројот на Македонци по националност во Дебар без разлика на вероисповеда е всушност 4469 или 30,69% (бројот на попишани со мајчин македонски јазик). Исто така и околните села на Дебар се во најголем дел македонски (населени со Македонци муслимани). Дел од Македонците муслимани се изјасниле и како Албанци. Мал број од Македонците муслимани се изјасниле и како други.
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 734 |
| муслимани | 17.083 |
| католици | 57 |
| протестанти | 0 |
| останати | 78 |
- Мајчин јазик
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[4]:
| Јазик | Жители | Удел |
| македонски | 5.973 | 30,5 |
| албански | 12.051 | 61,6 |
| турски | 1.358 | 6,9 |
| ромски | 50 | 0,25 |
| српски | 19 | 0,09 |
| босански | 3 | 0,01 |
| останати | 88 | 0,45 |
| Македонци | Турци | Срби | Роми | Бошњаци | Албанци | Власи | останати / непознато | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| апсолутно мнозинство | ||||||||
| релативно мнозинство |
| Општина Дебар | Вкупно | Македонци | Албанци | Власи | Турци | Бошњаци | Срби | Роми | останати |
| Баниште | 90 | 10 | 80 | ||||||
| Бомово | 0 | ||||||||
| Гари | 10 | 9 | 1 | ||||||
| Горно Косоврасти | 818 | 578 | 222 | 18 | |||||
| Дебар | 14.561 | 1.054 | 10.768 | 2 | 1.415 | 2 | 22 | 1.079 | 219 |
| Долно Косоврасти | 813 | 388 | 4 | 244 | 197 | ||||
| Коњари | 0 | ||||||||
| Кривци | 9 | 9 | 1 | ||||||
| Могорче | 1.794 | 1.408 | 1 | 376 | 1 | 1 | 7 | ||
| Осој | 6 | 6 | |||||||
| Отишани | 530 | 302 | 46 | 170 | 12 | ||||
| Рајчица | 131 | 42 | 72 | 1 | 16 | ||||
| Селокуќи | 104 | 104 | |||||||
| Спас | 32 | 32 | |||||||
| Татар Елевци | 10 | 10 | |||||||
| Трнаниќ | 0 | ||||||||
| Хаме | 135 | 135 | |||||||
| Џепиште | 499 | 105 | 96 | 276 | 22 | ||||
| Вкупно | 19.542 100,00% |
3.911 20,01% |
11.348 58,07% |
2 0,01% |
2.648 13,73% |
3 0,02% |
22 0,11% |
1.080 5,53% |
492 2,52% |
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Иселувањето на населението од Општина Дебар е процес кој се одвива подолг период. Во минатото, миграцијата била претежно село-град или град-град, но денес е забележано големо отселување на населението во странски држави. Дебарски емигранти во Бугарија (1905/1906) издавале свои весник*.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Цркви[5]
- Црква „Св. Димитриј“ - Баниште - црква од 19 век;
- Црква „Св. Јован“ - Баниште - црква од 20 век;
- Црква „Св. Илија“ - Баниште - руинирана црква од 14 век;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари
- Црква „Св. Никола“ - Долно Косоврасти - црква од 19 век, возобновена во 1985 година.
- Манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Рајчица
- Црква „Св. Варвара“ - Рајчица, во маалото Рајчки
- Црква „Св. Атанасиј“ - Рајчица, во маалото Влаовци
- Црква „Св. Димитриј“ - Рајчица, во маалото Радовци
- Училишта
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[6]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на општина Дебар е Фисник Мела од редовите на Вреди. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[7]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.[8]
Во склоп на општина Дебар е градот Дебар и следниве села: Баниште, Бомово, Гари, Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Коњари, Кривци, Могорче, Осој, Отишани, Рајчица, Селокуќи, Спас, Татар Елевци, Трнаник, Хаме и Џепиште.
Личности
[уреди | уреди извор]- Трифон Ангелов (Баниште, 1872 - ?) — револуционер[9]
- Воислав Илиќ — (Баниште), поет и раскажувач, доктор на филолошки науки, литературен критичар и историчар.
- Божин Теофилов — македонски комита, учесник во Илинденското востание во четата на Георги Сугарев, војвода на ВМРО во Дебарско и Реканско
- Неделко и Ристе Китанови — македонски комити, членови на дебарската чета на ВМРО. Ристе загинал во 1902 во борба со турскиот аскер кај селото Јанче, а Неделко учествувал и се борел во Илинденското востание.
- Иван Аговски — македонски револуционер
- Ибе Паликуќа — учесничка во НОВ, народен херој на Југославија
- Лиман Каба — учесник во НОВ, народен херој на Југославија
- Благоја Деспотовски - Шовељ — учесник во НОВ
- Неџат Аголи — прв министер за социјална политика во македонската влада по Втората светска војна
- Живко Ошавков — социолог и филозоф, еден од основоположниците на социологијата во Бугарија
- Јордан Даниловски (р. 15 јануари 1957) — македонски поет, критичар, есеист, романописец.
- Васил Куноски (20 ноември 1916 - 13 јуни 1993) — македонски поет за деца.
- Иван Ивановски (10 јуни 1930) — македонски поет, раскажувач, писател за деца, театарски критичар.
- Алексиј Зографски — преродбеник
- Никола Аџиев — револуционер
- Силко Цветков — револуционер
- Тришо Стојановски — писател
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]- ФК Кораб (Дебар) — фудбалски клуб основан 1923 г. Има настапувано во Втората македонска фудбалска лига.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ Попис на Македонија 2002: јазик, националност и религија
- ↑ „Цркви во Дебарко-реканската парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-06-20. Посетено на 2011-02-25.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Дополнување на Заклучок за конечност на резултати од гласањето во втор круг за Локалните Избори 2025 година одржани на 02.11.2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 6 ноември 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.34.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Општина Дебар“ на Ризницата ? |
- Портал на Општина Дебар
- Општина Дебар во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 април 2016 г.
- Општина Дебар на „Златна Книга“
- Општина Дебар[мртва врска] на mojsovetnik.org.mk
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||


