Трнаниќ
Трнаниќ (традиционално: Трнаник или Тараник) — село во Општина Дебар, западна Македонија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горен Дебар, во Дебарското Поле. Самото Трнаниќ се наоѓа на најзпадниот раб на неговиот атар, помеѓу Бомово на северозапад и устието на Црн Дрим во Дебарското Езеро со ХЕЦ „Шпилје“ на југоисток. Југозападниот дел од атарот ја образува државната граница со Албанија која врви по Црн Дрим; преку реката (границата) е македонското Трбач од областа Голо Брдо.
Историја[уреди | уреди извор]
Како и останатите села во Дебарско, Трнаниќ било македонско село кое подоцна се албанизирало. Традиционално било маало на с. Бомово и затоа не е попишувано сè до 1971 г.
Демографија[уреди | уреди извор]
Сè до пописот од 1971 г. (воедно и последна со население) не наоѓаме одделни податоци за Трнаниќ, бидејќи дотогаш се сметало за маало на Бомово.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[1] | 1905[2] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | 45 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[3]
Селото е раселено по 1971 година кога броело 45 жители, од кои 36 Албанци и 9 Македонци.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Трнаниќ било албанско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
Албански
- Доселеници: Марке или Марковци (6 к.) доселени биле од соседното село Бомово, каде припаѓале на истоимениот род, подалечно потекло од Зогаја во Малесија.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ . Русиќ, Бранислав. Поље Дебарско. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Трнаниќ на Карти на Гугл
|