Селокуќи
Селокуќи | |
![]() Патот сред селото | |
Координати 41°32′8″N 20°29′13″E / 41.53556° СГШ; 20.48694° ИГДКоординати: 41°32′8″N 20°29′13″E / 41.53556° СГШ; 20.48694° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 104 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 08013 |
Надм. вис. | 590 м |
![]() |
Селокуќи — село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горен Дебар, во Западна Македонија.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Дебарската каза на Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства со 56 жители муслимани (Албанци).[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селокуќи живееле 120 жители, сите Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 104 жители, сите Албанци.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120[2] | 413 | 426 | 497 | 593 | 535 | 608 | 104 |
Родови[уреди | уреди извор]
Селокуќи е албанско село.
Според истражувањата од 1954 година родови во селото се:
Албански
- Доселеници: Машкули (16 к.) доселени се околу 1820 година од селото Селиште кај реката Мура на Црн Дрим во Албанија; Мјештри (3 к.) доселени се после 1852 година од Љура во Албанија; Реџа (4 к.) доселени се во 1855 година од Мацокула во Мат; Франга или Цапа (4 к.) доселени во 1870 година од Селиште во Албанија; Руци (4 к.) доселени се во 1880 година од Кацнија во Албанија; Думани (4 к.) доселени се во 1880 година од Стошани од областа Малесија во Албанија; Дачи (1 к.) доселени се во 1930 година од Чаф Мора во Албанија; Стафа (1 к.) доселени се во 1935 година од Ѓорица во областа Лузнија во Албанија; Џафа (1 к.) доселени во 1941 година од Ковачица во областа Малесија во Албанија; Колеци (6 к.) доселени се во 1941 година од Стошани од областа Малесија во Албанија. Таму имале роднини, како и во селото Џепиште; Казију или Казиовци (4 к.) доселени се во 1941 година од Селиште во Албанија. Имаат роднини и во селото Кривци; Кочи (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Черенци во Голо Брдо во албанскиот дел.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Мерсуид — средновековна некропола;
- Мојсиева Црква — средновековна црква и некропола;
- Музгалица — населба од неолитско време;
- Стара Црква — доцноантичка некропола;
- Шулон — населба и некропола од римско и доцноантичко време;
- Таранеш — средновековна некропола;
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 552 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[8]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ . Русиќ, Бранислав. Дебарско Поље. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Селокуќи“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Селокуќи на Карти на Гугл
|