Баниште
Баниште или Бањиште — село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар. Познато е по надалеку прочуените Дебарски Бањи.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горен Дебар во Западна Македонија. Селото е на југозападните падини на Дешат. Од градот Дебар е оддалечено 6,5 километри во северен правец.
Историја[уреди | уреди извор]
Баниште за првпат е споменато во Опширниот пописен дефтер од 1467 година, а Јохан Хан го споменал во свој патопис од 1863 година, каде детално и ги опишал бањите во селото. Според еден сочуван натпис со арапско писмо кој претходно се наоѓал на еден од објектите, а денес се чува во просториите на хотелот, како сопственик и добротвор се споменува имаето на Хаџи Муџидин Илхами, син на Сулејман, потомок на семејството Орук-заде и годината кога најверојтано објектите биле и градени, 1213 по хиџра, односно 1798-1799 година.
Според податоците од 1873 година, селото имало 50 домаќинства со 94 жители христијани (Македонци).[1] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 300 жители христијани (Македонци).[2] Селото било познато и како Баница.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Значаен стопански објект во селото е Бања Баниште - дел на Дебарски Бањи, бањски центар во селото.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Баниште живееле 300 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Баниште имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Баниште живеат 90 жители, од кои 80 Албанци и 10 Македонци.[5]
Во табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 219 |
1953 | 229 | 42 | — | — | — | 10 | — | 1 | 282 |
1961 | 131 | 70 | — | — | — | 4 | — | — | 205 |
1971 | 58 | 116 | — | — | — | — | — | — | 174 |
1981 | 27 | 159 | — | — | — | — | — | — | 186 |
1994 | 13 | 182 | — | — | — | — | — | — | 195 |
2002 | 10 | 80 | — | — | — | — | — | — | 90 |
Родови[уреди | уреди извор]
Баниште е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
Македонски
- Староседелци: Тунчовци или Танасковци (4 к.), Нелковци или Неделковци (1 к.), Јаќовци (2 к.), Марковци (1 к.), Мерџановци или Томовци (1 к.), Мазниковци (4 к.) и Стефановци (3 к.) сите наведени родови се староседелски. Во родот Марковци имало еден призетен човек од Србија.
- Доселеници: Влаовци (5 к.) потекнуваат од предок Влав. Овде се доселиле околу 1845 година, но не знаат точно од каде, а и не знаат за најстариот предок дали зборел влашки: Мандаловци или Милошовци (1 к.) доселени се од блиското село Коњари: Таранешовци или Јакововци (2 к.) доселени се од селото Селокуќи, т.е од еден негов дел: Голеиштани (1 к.) доселени се во 1885 година од селото Голеишта во Голо Брдо, денес во Албанија.
Албански
- Доселеници: Содоловци (2 к.) доселени се од селото Суви Дол во околината на Пешкопеја во Албанија: Перчевци (1 к.) доселени се после 1912 година од селото Омежа во Малесија, во Албанија: Ибраимовци (1 к.) доселени се од некое село во областа Гора во Косово. Порано зборувале македонски: Радоешки (2 к.) доселени се од селото Радоешта во Голо Брдо, во Албанија: Лешовци (3 к.) доселени се од местото Леш во Албанија: Мајтара (1 к.) доселени се од селото Мајтар во околината на Пешкопеја.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 550 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на дисп студии на дту (поранешна касарна) на градот Дебар. Во ова избирачко место се опфатено и населените места: Баниште, Дебар, Кривци, Хаме.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

- Цркви[9]
- Црква „Св. Димитриј“ — црква од XIX век;
- Црква „Св. Јован“ — црква од XX век;
- Црква „Св. Илија“ — црква од XIV век;
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Краста — средновековна црква и некропола;
- Ров — средновековна некропола;
- Арбановци — средновековна некропола;
Личности[уреди | уреди извор]
- Трифон Ангелов (1872 - ?) — револуционер[11]
- Воислав Илиќ — поет и раскажувач, доктор по филолошки науки, книжевен критичар и историчар.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од ова село има многу иселено муслиманско и православно население. До 1954, од македонското население иселеници има во Софија, Скопје, Лом, Белград, Дебар, итн. Највеќе иселени во Скопје и Софија.[6]
Големо иселеништво има и после 1954 година, така да македонско население речиси и да нема повеќе во селото.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 170-171.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.249
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 249.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.152-153.
- ↑ 5,0 5,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав. Поље Дебарско.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Цркви во Дебарко-реканската парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-06-20. Посетено на 2011-02-25.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 34.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Баниште“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Бањиште на Карти на Гугл
- Бањите од Баниште предложени и за европска заштита - репортажа на Утрински Весник (петок, 25 февруари 2011)
|