Рајчица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рајчица
Rajcica-Radovci-Sv.Georgi-MK.jpg

Поглед на долното маало Радовци со манастирската црква Св. Георги

Рајчица is located in Македонија
Рајчица
Местоположба на Рајчица во Македонија
Координати 41°30′56″N 20°32′17″E / 41.51556° СГШ; 20.53806° ИГД / 41.51556; 20.53806Координати: 41°30′56″N 20°32′17″E / 41.51556° СГШ; 20.53806° ИГД / 41.51556; 20.53806
Општина Grb-debar.jpg Дебар
Население 131 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 790-880 м
Рајчица на општинската карта
Рајчица во Општина Дебар.svg

Атарот на Рајчица во рамките на општината
Commons-logo.svg Рајчица на Ризницата


Рајчицасело во Општина Дебар, во непосредна близина на градот Дебар.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Рајчица се наоѓа на самиот влез на градот Дебар, 2 километри источно од центарот на градот. Селото е ридско и е расположено на надморска височина од 790 до 880 метри[1]. Рајчица е село од разреден, односно разбиен тип и се дели на 3 маала: Влаовци (горно), Рајчки (средно) и Радовци (долно), на меѓусебна оддалеченост од околу 300 до 500 метри. Источниот дел на атарот на Рајчица кој се наоѓал во Дебарското поле крај десниот брег на реката Радика и бил засаден под лозја, од 1969 година е потопен во водите на Дебарското Езеро.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Рајчица е доста старо село. Во ова село се наоѓа женскиот манастир Свети Ѓорѓи Победоносец (кој е женски манастир под Св. Јован Бигорски) кој беше обновен во 1999 година и црквите Света Варвара во маалото Рајчки која е подигната во 1597 година[2][3], Свети Атанасија во маалото Влаовци и црквата Свети Димитрија во маалото Радовци. Рајчица пред Втората светска војна била седиште на Рајчката парохија[4]. Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 660 жители христијани (Македонци).[5]. Главна стопанска гранка со кое се занимавало населението на Рајчица во минатото, а по која селото било надалеку познато и прочуено, било лозарство и винарството. Во Рајчица се одгледувале многу лозја, а виното кое се произведувало и било со висок квалитет, покрај за манастирот се продавало и на жители на други места, со што жителите на Рајчица остварувале приходи. По Втората светска војна во четириесетите години на ХХ век, селото го фатило голем бран на иселување на македонското православно население, кое речиси во целост, со исклучок на семејството на Боге Исаковски, се иселило во Скопје, а во помала мерка и во Дебар. Имотите и земјиштето во најголем дел постепено преминал во посед на жителите на соседното блиско село Горно Косоврасти, кои и покрај тоа не покажале голем интерес за трајно населување и живот во тоа село.

Денешното село Рајчица е населено во почетокот од 18ти век. Овде се доселиле двајца браќа Раде и Рајче. Они се доселиле од блиското раселено село Пекларица, кое се наоѓало на другата страна од Радика. Потоа дошол и некој човек Влав од Преспа. Па така се создале три маала во селото Радовско, Рајчинско и Влаоско.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Рајчица живееле 660 жители, сите Македонци.[7]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рајчица имало 496 Македонци, егзархисти.[8]

Според последниот попис од 2002 година, Рајчица е мало село со 131 жител.[9]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години: [10]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 146
1953 152 152
1961 112 4 116
1971 65 10 2 77
1981 45 2 11 22 80
1994 26 8 34
2002 42 72 1 1 16 131

До 1953 година, целото население го сочинувале само Македонци, додека првите Албанци во пописите се забележуваат дури од 1961 година, за во 2002 година да станат благо мнозинство во однос на помалубројното македонско население.

Родови[уреди | уреди извор]

Рајчица било некогаш чисто македонско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:

Радовско маало

  • Староседелци: Дуковци (1 к.), Тодоровци или Петковци (3 к.), Мартиновци (1 к.), Мојсовци (1 к.), Лековци, Мирчевци и Негријовци (3 к.) и Трајовци (1 к.) сите потекнуваат од еден предок, а тоа бил основачот на маалото Раде.
  • Доселеници: Радевци со Куновци (1 к.) доселени се од селото Деољани кое се наоѓало од другата страна на границата во денешна Албанија,во долен Дебар.[6]

Рајческо маало

  • Староседелци: Докузовци или Докузбеловци (2 к.), Симоновци (1 к.), Веловци или Кузмановци (2 к.) и Ѓурчијовци и Јовчевци (2 к.) сите потекнуваат од основачот на маалото Рајко, братот на Раде.
  • Доселеници: Илковци (1 к.) и Зафировци или Домазетовци (2 к.) доселени се од областа Бојмија во Егејска Македонија (денес Грција). Викаат дека се доселиле од некое село Петогазица (Петгас) југозападно од Гуменџе. Јовчевци (1 к.) доселени се од селото Папрадник (Голем или Мал).[6]

Влаоско маало

  • Доселеници: Андоновци со Јаковчевци, Јовчевци и Стефановци (2 к.) потекнуваат од предок Влав кој дошол од некое место во областа Преспа. Шијаковци (2 к.) доселени се околу 1815 година од Шијак во Албанија. Постоловци (1 к.) доселени се од селото Маќелари во горен Дебар, во Албанија. Силковци (1 к.) доселени се од селото Горно Косоврасти.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви и манастири[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Ѓурѓовден - секоја година на 6 мај се одржува општонароден собор и прослава на патрониот празник на манастирот Свети Георги Победоносец, на кој присуствуваат некогашни жители на селото, нивни потомци, луѓе кои водат потекло од ово крај како и жители на Дебар, Скопје и посетители од сите краишта на Македонија, како Битола, Кочани, Струмица

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Рајчица дала многу иселеници, на многу места во Македонија, како и надвор од неа. Од селото има и целосно иселени родови. и тоа.

  • Стојковци се иселиле во Видин (едно семејство од 1914 година), Скопје (едно семејство од 1942 година) и во Софија (едно семејство од 1942 година). Во Рајчица биле староседелци, и припаѓале на растурениот род Радовци, и живееле во истоименото маало.
  • Веловци се иселиле во Лом во северозападна Бугарија (три семејства од 1903 година). Во Рајчица биле доселени од селото Горно Косоврасти.
  • Ѓурановци се иселиле во Лом (две семејства од 1903 година), Анѓелковци се иселиле во Лом (три семејства од 1904 година) и Божиновци се иселиле во Лом (четири семејства од 1905 година). Сите во Рајчица живееле во Радовско маало, и таму биле староседелци. Потекнувале од основачот на маалото Раде.[6]

Од другите родови поединечно се знае за следните иселеници до 1954 година:

  • од Дуковци има иселеници во: Лом (три семејства од 1905 година) и во Скопје (едно семејство од 1942 година).
  • од Тодоровци има иселеници во: Лом (едно семејство од 1914 година) и во Софија (две семејства од 1900 и 1920 година).
  • од Мартиновци има иселеници во: Дебар (едно семејство од 1935 година) и во Скопје (две семејства од 1930 и 1942 година).
  • од Мојсовци има иселеници во: Кралево (едно семејство од 1900 година) и во Софија (две семејства од 1900 година).
  • од Лековци има иселеници во: Скопје (три семејства од 1942 година, некои се вратиле во Дебар во 1945 година).
  • од Трајовци има иселеници во: Лом (едно семејство од 1903 година), Пловдив (едно семејство од 1903 година) и во Скопје (едно семејство од 1942 година).
  • од Докузовци има иселеници во: Скопје (две семејства од 1942 година).
  • од Симоновци има иселеници во: Дебар (едно семејство од 1945 година) и во Белград (едно семејство од 1954 година).
  • од Веловци има иселеници во: Скопје (две семејства од 1942 година)
  • од Ѓурчијовци има иселеници во: Лом (едно семејство од 1900 година)
  • од Јовчевци има иселеници во: Лом (едно семејство од 1900 година).
  • од Мојсовци (се одвоиле од Влаовци) има иселеници во: Лом (три семејства од 1895 година).
  • од Чолаковци (се одвоиле од Влаовци) има иселеници во: Лом (две семејства од 1900 година).
  • од Андоновци има иселеници во: Браил (едно семејство од 1900 година), Дебар (две семејства од 1912 година) и во Скопје (едно семејство од 1942 година).
  • од Јаковчевци има иселеници во: Лом (три семејства од 1900 година).
  • од Јовчевци има иселеници во: Дебар (едно семејство од 1885 година, се иселил Стрезо).[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.252
  2. Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 год. стр.57
  3. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.252
  4. Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 год. стр.13
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Русиќ, Бранислав. Поље Дебарско. 
  7. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.152-153.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 28 јули 2016. 
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]