Гари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гари
Панорама на Гари 1.jpg

Панорамски поглед на селото

Гари се наоѓа во Republic of Macedonia
Гари
Местоположба на Гари во Македонија
Координати 41°30′02″ СГШ 20°40′58″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен регион
Општина Грб на Општина Дебар Дебар
Население 10[1] жит.
Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Надм. вис. 1485 м
Слава Голема Богородица
Commons-logo.svg Гари на Ризницата


Гаримијачко село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.[2] Селото е сместено на падините на планината Стогово, под шумата наречена Канеш. Низ самото село поминува Гарска Река, која претставува заштитен споменик на природата.

Селото е особено познато по иконостасот и резбата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кои биле изработени од тајфата на далеку познатиот мајстор Петре Филиповски - Гарката.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед кон планината Стогово над селото

Гари е сместено длабоко во пазувите на планината Стогово, на надморска височина од околу 1100 метри. Селото се наоѓа во една тесна долина, која произлегува од едно ледничко езерце на Стогово.

При продорот на словенските племиња на Балканот, меѓу повоинствените се наоѓаат Мијаците. Неколку легенди говорат дека тие како похрабри го населиле најтешко проодниот предел од Македонија по Радика, во пазувите на планините Стогово, Бистра, Јама па сè до Малесија и Лума (Албанија). Според Тома Смилјаниќ, Мијаците се викаат така зошто секогаш биле чисти и измиени. Друго предание говори дека Мијаците го добиле името бидејќи личната заменка „ние“, ја изговараат „мие“. Смилјаниќ смета дека ова толкување е најточно. Според Новаковиќ, (Законски споменици), Гари се споменува во XIV век. Според едно предание се смета дека некогаш Гари се наоѓало во месноста Присој, некаде околу XIV век.

Историја[уреди | уреди извор]

Гари во почетокот на XX век

Според истиот автор се наведува дека Гари било населено од страна на Мијаците во 1760 година, а претходно таа месност била пуста.[3] Според легендата се вели дека во текот на XV век на падините на планината Стогово, во месноста наречена Дрениче постоела црква посветена на Свети Спас, од која неколку пати ја снемувало иконата посветена на светецот. Иконата одлетувала до денешното село Гари, а селаните подоцна ја враќале назад, но настанот се повторувал. Затоа, селаните одлучиле да подигнат нова црква и село на местото каде паѓала иконата.[4]

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ го опишал Гари „како село со повеќе од 180 куќи, повеќето со два или три ката, кои со својата масивна камена структура, изложени на југ и амфитеатрално симетрично распоредени, му даваат еден прекрасен пејзаж“.[3]

Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 278 жители христијани (Македонци).[5] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 1000 жители христијани (Македонци).[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото, уште од неговото населување, најголема стопанска дејност била сточарството, поради планинската местоположба и малкуте можности за обработка на земјата. Некогаш, во селото имало 25.000-30.000 овци, од кои се правел кашкавал и сирење, кои се продавале низ Македонија и во странство.

Во време на Југославија била направена килимарницата, која вработувала 120 жени, кои произведувале персиски килими, кои на времето се продавале во Германија.

Во поново време била најавена странска инвестиција од страна на хрватското претпријатие „Мали Лошињ“, кое започнало со изградба на фабрика за вода за пиење од околните извори. Фабриката е сместена во близина на селото, на оддалеченост од пет километри.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 10 жители, 9 Македонци и 1 друг.[1] Во последните години, бројот на жители е дополнително намален и одвај да има некој постојан жител преку целата година, додека за време на летниот период, многумина иселени гарци се враќаат во селото.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1000 1560 539 546 454 37 17 9 33 10
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешната жандермерија надвор од селото
  • Старото училиште
  • Старата хидроцентрала на Гарска Река

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на големата Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Гари, се наоѓале и селата Лазарополе, Росоки, Селце и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]
Реки

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Од селото Гари потекнува познатата тајфа на копаничари предводени од Петре Филиповски - Гарката. Меѓу позначајни ракотворби на оваа тајфа резбари се иконостасите во манастирот „Св. Јован Бигорски“ и црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Најголем дел од иселените гарци се наоѓаат во Скопје. Најголемото иселување се случило по затворањето на задругата во 1961 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Архитектура

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 30 март 2013 г. 
  2. Павловски, Јован (2006) (на македонски). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Скопје: Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989613915. 
  3. 3,0 3,1 Трајчев, Георги (1941). Книга за Мијаците (12 издание). Софија: Македонска библиотека. 
  4. „Гари“ (на македонски). Мариово Филм. http://www.mariovofilm.mk/mk/content/gari-vodici. конс. 28 септември 2015 г. 
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]