Прејди на содржината

Спас

Координати: 41°33′0″N 20°28′54″E / 41.55000° СГШ; 20.48167° ИГД / 41.55000; 20.48167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Спас

Поглед на селото Спас

Спас во рамките на Македонија
Спас
Местоположба на Спас во Македонија
Спас на карта

Карта

Координати 41°33′0″N 20°28′54″E / 41.55000° СГШ; 20.48167° ИГД / 41.55000; 20.48167
Регион  Југозападен
Општина  Дебар
Област Горен Дебар
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08034
Надм. вис. 570 м
Спас на општинската карта

Атарот на Спас во рамките на општината
Спас на Ризницата

Спас — село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото го нарекувале Спас. Како такво било забележано и пред крајот на XIX век, како и во поново време. Во тој облик е познато и кај останатите селани од другите села. Мештаните наведуваат дека името го добило по некој човек (Спасе), но истовремено се наведува дека името на селото може да доаѓа од некогашната православна црква „Св. Спас“.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Панорама од сретселото

Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Дебар, сместено на самата државна гранична линија со Албанија.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 570 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено околу шест километри.[3]

Селото се граничи со селата Горно и Долно Блато на север (во Албанија), селата Баниште и Хаме на исток, селото Селокуќи на југ и реката Црн Дрим и селото Горна Горица на запад (исто така во Албанија).[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Трапане, Фуша, Каменица, Музлиагица, По Дрим, Киша Спасит (некогашна црква), Ограде, Хорта, Ливаде т Кадијут, Ливада т Пашат, Равш т Русит или Росит, Чаире, Ар т Курбејќут, Ар т Будалас и Ар т Тата.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202.

Земјиштето околу Селокуќи е рамно, со мали долини на југ и благ пад кон Дрим на запад. Земјата е составена од речни наноси од исток и прилично е плодна.[2]

Јужно од селото поминува малиот поток Извор, кој извира близу регионалниот пат. За наводнување се употребува рекичката Решај, по која се движи границата. Во селото се Чешма е Маер со вода од атарот на Баниште и Чешма е Кече. Летно време селото оскудевало со вода, поради што селаните оделе во соседното Селокуќи. Многу куќи имаат и бунари.[2]

Селото се наоѓа на благ рид. Куќите во поголемиот дел се збиени, но имаат пространи дворови. Свртени се кон исток и југ, а некои на запад. Изградени се од чатми на камена основа.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Спас е населено уште од доцноантичко време, за што сведочи наоѓалиштето Троја во неговата околина.[4]

По предание на мештаните, но и на соседните Македонци, Спас некогаш бил населен со православно население, кое имало своја црква со гробишта на денешната месност Киша Спасит. Црквата денес е уништена, додека гробовите до 1954 година се познавале.[2]

Албанското население кажува дека безмалку сите нивни предци биле католици, додека соседните Македонци тврдат дека биле православни, па биле исламизирани.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 244 хектари, на шумите отпаѓаат 112 хектари, а на пасиштата 93 хектари.[3]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948224—    
1953244+8.9%
1961312+27.9%
1971322+3.2%
1981261−18.9%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994275—    
200232−88.4%
20213−90.6%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 18 домаќинства со 30 жители муслимани (Албанци).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кривци живееле 180 жители, сите Албанци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[7]

Селото е исклучиво населено со албанско население, кое во 1961 година броело 312 жители, додека во 1994 година 275 жители.[3]

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Спас, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[б 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Спас живееле 32 жители, сите Албанци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 3 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 224 244 312 322 261 0 275[б 2] 32 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Куќи во селото

Спас е албанско село, во кое некогаш порано имало и Македонци.[2]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:

  • Албански родови:
    • Доселеници: Дуковци (13 к.) и нивните деленици Казановци (2 к.), по потекло се од областа Љура во Албанија, каде биле католици. Од Љура преминале во Ѓурас во Љузунија, потоа во Зогај во Малесија, па во соседното Стошан, од каде во 1805 година се доселил како католик предокот Зејнел. Кога Дуковци стигнале во Спас свој чифлиг имале браќата Далиб-бег и Хакик-бег Оџоли од Дебар, поради што Дуковци од нив купиле малку земја, а дел и присвоиле. Казановци биле сиромашни кога се доселиле; Лешовци (4 к.), дошле од истото место и време како и Дуковци, додека по потекло се од Љеша. Имаат свои деленици во соседните Горица, Окштун и Ѓурас. И Лешовци биле католици; Дацовци (3 к.), во 1865 година дошле од Мухур во Долен Дебар, на устието на Мура во Црн Дрим, западно од Пешкопеја. Таму биле католици; Цемене (1 к.), во 1865 година дошле од Селиште на Мура во Албанија. И тие имаат католичко потекло; Хот (1 к.), во 1870 година дошле од Хот во Албанија, каде нивните биле католици; Нреца (1 к.), во 1870 година дошле од Горенци во Жупа. Нивниот предок бил Торбеш, но подоцна се албанизирале; Коџа (2 к.), околу 1875 година дошле од Мацокула или Мацукле во областа Мат, каде биле католици; Купа (1 к.), во 1885 година се одвоиле од својот род во Пјеча близу Пешкопеја во Долен Дебар. Нивните предци биле католици; Унчи (1 к.), во 1914 година се одвоиле од својот матичен род во Реч, Албанија, најсеверното село во Долен Дебар, близу устието на Љура во Црн Дрим; Велија (2 к.), во 1924 година се преселиле од Горно Блато северно од Спас; Мајтара (1 к.), во 1935 година дошле од соседното Мајтаре, северозападно од Спас, преку Бомово и Решан.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од ова село и православното и муслиманското население се селело.[2]

Од православното население се знае само за Топаловци, кои ги има во Дебар, а потоа и во Битола и во Скопје. Побегнале во 1840 година. По предание, нивното потекло е од Старавец близу Пешкопеја.

Од муслиманите иселеници има во Истанбул (Дуковци, 1 к.), во Алајбеговци (Дуковци, 1 к.), Коњари (Казановци, 1 к.), Горица (Лешовци, 1 к.) и во Селокуќи (Дацовци, 1 к.)

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Спас било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Селската џамија

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Селокуќи, во која влегувале селата Селокуќи и Спас.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0551 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 78 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Троја — некропола од доцноантичко време.
Џамии[17]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Русиќ, Бранислав (1954). Дебарско Поле. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 167–169.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 280.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 123. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 170-171.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 259.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 јануари 2023.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-15. Посетено на 15 јануари 2023.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
  2. Податоците за вкупното население во Пописот од 1994 година за населените места: Баниште, Горно Косоврасти, Дебар, Кривци, Отишани, Оџовци, Селокуќи, Спас, Хаме и Џепиште претставуваат збир на фактички попишаното и проценетото население.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]