Троја (Спас)
Троја — археолошко наоѓалиште во дебарското село Спас. Претставува доцноантичка некропола. Се наоѓа на северозападната периферија на селото, на благо зарамнета тераса, каде при поставувањето на топли леи биле откриени гробови - тип циста. По површината на теренот се гледаат фрагменти од камени плочи, делумно обработени, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |