Горенци (Дебарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горенци
Горенци 03.JPG

Влезот на Горенци од југ

Горенци is located in Македонија
Горенци
Местоположба на Горенци во Македонија
Координати 41°30′03″N 20°33′24″E / 41.50083° СГШ; 20.55667° ИГД / 41.50083; 20.55667Координати: 41°30′03″N 20°33′24″E / 41.50083° СГШ; 20.55667° ИГД / 41.50083; 20.55667
Општина Coat of arms of Centar Župa Municipality.svg Центар Жупа
Население 267 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1113 м
Слава Св. Варвара
Горенци на општинската карта
Горенци во Општина Центар Жупа.svg

Атарот на Горенци во рамките на општината
Commons-logo.svg Горенци на Ризницата


Горенци е село во Општина Центар Жупа, во околината на градот Дебар. Населението е со македонско потекло, но поради политичко-религиски причини, добар дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци или Албанци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Горенци на падината на Стогово погледнато од селото Рајчица

Селото се наоѓа во северниот дел на областа Жупа[1] во Западна Македонија. Поточно, Горенци се наоѓа на северозападните падини на планината Стогово, во близина односно веднаш над источниот брег на Дебарското Езеро. Сместено е на осојната страна на планинаската огранка Маруша на западната падина на Стогово на средна надморска височина од 825 метри, односно помеѓи 850 и 800 метри. Горенци е ридско село, расположено на надморска височина од 780 метри[1]. Од градот Дебар е оддалечено 9,5 километри[1] и е поврзано со асфалтен пат во одлична состојба, кој се исклучува непосредно пред Мелничкиот Мост на Дебарското Езеро, а од Горенци продолжува кон повеќе села во Општина Центар Жупа. Земјишното подрачје на Горенци се граничи сос заезерената Радика во Дебарското Езеро на запад и северозапад, Мелничани на север и североисток, Пареши и Броштица на југ и југоисток при што земјиштето е нерамно и испрсечено со клисурести долови: на север паѓало стрмно во излезот на Радика што денес е потопен во водите на Дебарското Езеро, на исток косо се издигнува кон височините на Стогово и Маруша, а на југ и запад постепно се спушта во ниски подишта[2]. Земјиштето е составено од варовничка подлога од која избиваат чести камењари со високи стени, а се појавуваат и шкрилци, додека почвата е главно црвеница[1]. Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од само 2,5 км2, на кои обработливото земјиште зазема површина од 62,9 хектари, на шумите отпаѓаат 142 ха, а на пасиштата само 15,2 хектари[1].

Историja[уреди | уреди извор]

Споменик посветен на НОБ во Горенци

Селото Горенци е доста старо село, бидејќи за него постојат пишани историски податоци уште од средниот век. Во средновековните записи од турските пописни дефтери за вилаетот Горни Дебар од 1467 година за селото Горенци е запишано дека било тимар на некој си Борозан Сулејман и во него живееле 2 христијански македонски семејства на Јонко Смиле и Никола кои произведувале по 1 товар пчемница, јачмен и 'рж за што остварувале севкупен приход и давачки од 108 акчиња[3]. Во втората половина на XVI век селото Горенци се среќава запишано во поменикот на Слепченскиот манастир, а потоа во 1863 година се сретнува и во поменикот на Манастирот „Св. Јован“ - Бигорски[2]. Во НОБ за време на Втората светска војна во борбите за ослободувањето на Македонија од фашистичките окупатори загинале борците Спироски Косто, Нурединоски Нуредин и Таироски Елез, за што во знак на благодарност на 2 август 1959 година селаните од Горенци и Пареши подигнале споменик кој и денес постои во Горенци.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Според жителите на Горенци, селото го добило името бидејќи во минатото куќите на нивните предци биле горени (палени), а луѓето и селото останале да ги викаат Горенци.[2] Името на селото може да биде поврзано и со високата положба на селото над реката и патот[2] (горе или во гората). Друга можна претпоставка за настанокот на името може да доаѓа од фактот што обработливото земјиште настанало со крчење и палење („со горење“) на шумата[2]. Села со исто име Горенци постојат и во Општина Дебарца во Охридско, како и во Егејска Македонија во Костурско и Драмско и Горенци (Врбовско) во Хрватска.

Население[уреди | уреди извор]

Нови куќи во Горенци

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства со 63 жители христијани (Македонци) и 105 жители Македонци-муслимани.[4]

Етнички гледано, Турците и Албанците, во селото се Македонци-муслимани. Васил К'нчов во 1900 година запишал дека покрај 84 македонски христијани, во селото живееле и 350 македонски муслимани.[5]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горенци имало 200 Македонци, егзархисти.[6]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 267 жители. Од етнички аспект, населението се изјаснило:[7]

Националност Вкупно
Македонци 37
Турци 221*
Албанци 9*

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 434[5] 200[6] 260 278 268 284 316 307 363 267

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Горенци е отсекогаш, па сè до денес во целост е населено со родови на Македонци од муслиманска и православна христијанска вероисповед. Сите старинечки македонски православни родови слават Света Варвара, а нивните родовски презимиња се: Трајковски, Костовци; Ќул'умовци - за нив се вели дека во Куманово правеле „ќулуми“ (ќилими), поради што го добиле прекарот и Ристевци[2]. Староседелски македонски муслимански родови се: Дурмишовци; Османовци; Аџиовци; Цаневци; Изеровци; Турнузовци; Велединовци; Тафовци; Дамаиловци и Лимановци[2]. Доселенички родови се: муслимани Јајовци, се доселиле од блиското село Бајрамовци во 1894 година и христијани Ивановци или Србовци (слават Св. Варвара - по ново) се доселиле околу 1824 година пребегнувајќи од селото Старово (Старовец) кај Пешкопеја[2]. Во 1994 година во селото Горенци живееле вкупно 12 Македонци - христијани, односно следните лица: Рафе Костовски (р. 1911), Спасе Мартиновски (р. 1911), Бевцана Ивановска (р. 1905), Бошко Апостоловски (р. 1952) со мајка, жена и 2 деца и Александар Тодоровски со жена и 2 деца[9].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Влезот на селото Горенци од север со поглед на Дебарското Езеро кон запад

Според составот на атарот селото Горенци има поледелска функција[1]. Сепак главни занимања на жителите на селото од секогаш, па до денес се печалбарството и сточарството[2]. Жителите на селото се занимаваат со разни занимања посебно градежништво, ѕидарство, плочкарство, а најголемиот дел овие занимања ги работата на печалба во Италија. Од земјоделството во селото се одгледуваат жита и тоа најмногу пченица и градинарски култури - кромид, компир, грав, лук за сопствени потреби. Обработливото земјиште е добиено со крчење и палење („со горење“) на шумата, а почвата е најповеќе црвеница[2]. Околу селото и во него има многу овоштарници најмногу од сливи, а во помала мерка и од другите овошја: цреши, јаболка, круши, костени, ореви и црници (дудинки)[2]. Поголем број на куќи се занимаваат и со сточарство односно одгледување на ситен - овци и кози и крупен добиток - крави и волови, за чија прехрана се сеат и фуражни култури како детелина. На местото Осој е селската шума, во која има и делови кои припаѓаат на поединечни семејства т.н. „сајбиски кории“[2], од каде што се сече дрво за огрев.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Значаен културен настан во селото е селската слава Св. Варвара, по која е крстена и селската црква.

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од христијанските родови има иселеници во Скопје (Пејовци) и Кавадарци, како и во Бугарија во градовите Софија, Лом и Стара Загора, додека од муслиманските родови иселеници има во дебарското село Спас и градот Дебар, градот Серес како и во Турција во градовите Анкара, Измир и Лиле-Бургас[2]. Во најново време има масовна појава и најголем број иселеници во Италија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 72. 
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 Русић, Бранислав (1957) (на српски). Жупа Дебарска. Филозофски факултет на универзитетот - Скопје, Историско-филолошки оддел. стр. 54. 
  3. Соколоски, Методија (1976) (на македонски). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 314. 
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
  5. 5,0 5,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.261.
  6. 6,0 6,1 D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.184-185.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  9. Јовчевски, Петко; Јовчевски, Методија (јули 2000) (на македонски). Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на ХХ век; селата: Рајчица, Горенци, Пареши, Броштица, Кочишта, Вапа со Пеовци и Јанковци, Голем Папрадник и Праленик. Дебар: Графобимс. стр. 94. ISBN 9989-908-42-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]