Пареши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пареши
Пареши is located in Македонија
Пареши
Местоположба на Пареши во Македонија
Координати 41°29′44″N 20°33′42″E / 41.49556° N; 20.56167° E / 41.49556; 20.56167Координати: 41°29′44″N 20°33′42″E / 41.49556° N; 20.56167° E / 41.49556; 20.56167
Општина Coat of arms of Centar Župa Municipality.svg Центар Жупа
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 08031
Надм. вис. 949 м
Пареши на општинската карта
Пареши во Општина Центар Жупа.svg

Атарот на Пареши во рамките на општината
Commons-logo.svg Пареши на Ризницата

Пареши — село во Општина Центар Жупа, во околината на градот Дебар. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Жупа, на влезот на Центар Жупа. Се протега на падините на планината Стогово, а во подножјето се протега до Дебарско Езеро. Се наоѓа на надморска височина од 460 до 1150 метри.

Историja[уреди | уреди извор]

Во периодот кон крај на XVII век и почетокот на XVIII век доаѓа до иселување на фамилиите кои живееле во тој период во селото. Временската разлика на иселените и ново населените фамилии не дозволува нивно сретнување. Поради тие причини не останале видливи податоци за иселените родови. Во овој период селото било празно и напуштено.

На почетокот на XVIII век во селото се доселуваат шест фамилии, од кои три фамилии доаѓаат од Голо Брдо - Албанија, една фамилија од Баланци - Дебарска Жупа и две фамилии од Коџаџик - Дебарска Жупа.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во минатото, економијата на Пареши се базирала на земјоделство и сточарство, додека многу луѓе оделе на печалба (гурбет) да работат надвор од земјата и да пратат дома пари. Денес селото е напуштено и е посетено само за викенди и одмор.

Демографија[уреди | уреди извор]

Број на население и фамилии во одредени периоди:

  • 1830 година – 8 фамилии – 46 жители;
  • 1850 година – 10 фамилии – 70 жители;
  • 1880 година – 18 фамилии – 110 жители;
  • 1910 година – 22 фамилии – 145 жители;
  • 1920 година – 19 фамилии – 120 жители;
  • 1970 година – селото нема веќе жители.

Родови[уреди | уреди извор]

Пареши било македонско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:

  • Доселеници: Чивијовци со Јовановци и Јовчевци (3 к.) доселени се околу 1829 година поради насилство од блиското село Коџаџик. Јовановци се призетиле кај Чивијовци; Богдановци или Кузмановци (1 к.) доселени се околу 1830 година од месноста Илевци. Имаат призетен од Андреевци од соседното Праленик; Ѓоргијовци или Костовци (1 к.) малку пред 1850 се доселиле од истото место како и претходниот род; Иловци (1 к.) доселени се во 1876 година од месноста Илевци. Основачот на овој род ја основал месноста Илевци; Нелковци (1 к.) доселени се во 1883 година од истото место (Илевци). Подалечно потекло имаат од селото Броштица. Таму припаѓале на старите Манчевци (Силковци).[1]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа Храмот „Свети Димитрија“ кој е обновен во 1993 година од фамилијата Костовски.[се бара извор]

Храмот „Свети Димитрија“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 559 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Горенци.[2]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 296 гласачи.[3]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во атарот на селото Пареше се наоѓа изворот „Врачарица“. Се верува дека водата од изворот е лековита, а лековитоста се поврзува со постоење на верски објект во минатато на местото каде што се наоѓа изворот.

Археолошки наоѓалишта[4]

Народна носија[уреди | уреди извор]

Народна Носија Дебарско Поле (Село Пареши).pdf

Народната носија во Пареше е истата што се носела во Дебар и околината или области чие население се нарекувало „Полјани“ т.е. во Дебарско Поле.

Женската носија се состои од зобанче, кошула, елек, преглак, појас, бовча, дарпна, крпа, чорапи, чевли со високи кофки.

Машката носија се состоела од плетена кошула, бечви, долама, појас, ќурк, гунче, објала, чевли.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Целосно се иселил родот Спасевци, се иселиле во Софија, Скопје и Дебар. Парежани се иселиле во Белград, изгледа во селото се викале Јанковци и биле староседелци. Во мијачкото село Болетин има род Парешковци кои таму се доселиле од Пареши.[1]

До 1954 година уште околу 15 семејства се иселиле во Скопје, Дебар, Видин, Софија и Битола.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Русиќ, Бранислав (1957). Дебарска Жупа. Филозофски факултет на универзитетот - Скопје, Историско-филолошки оддел.
  2. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  3. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  4. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]