Парешко Поле
Парешко Поле — археолошко наоѓалиште во дебарското село Пареши. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 500 м западно од селото, во приватна нива, на десната страна од асфалтниот пат за селото Бајрамовци, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тули и покривни ќерамиди. Наместа се среќава и згура од топено железо.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бушаец — средновековна некропола;
- Пареши;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |