Општина Центар Жупа
| Општина Центар Жупа | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
Влезот на Центар Жупа од север | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Седиште | Центар Жупа | ||
| Населени места | Список | ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Аријан Ибраим | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 107,21 км2 (41,39 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 3.720 | ||
| • Густина | 35/км2 (90/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +046 | ||
| Регистарски таблички | DB | ||
| Мреж. место | merkezjupa.gov.mk | ||
Општина Центар Жупа — општина во Западна Македонија. Центар на општината е селото Центар Жупа. Општината се наоѓа во дебарскиот регион и опфаќа 23 села, од кои некои се сосема раселени.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 107,21 км2. На север, исток и запад општината граничи со општината Дебар, а на југ со Струга. Во општината се наоѓа планината Стогово и Дебарското Езеро.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главен стопански објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Населението претежно се занимава со трговија, сточарство, земјоделство и шумарство. Сепак, добар дел од населението е иселено во странство и приходите кои се испраќаат од иселениците се значајни за економијата на населението.
Население
[уреди | уреди извор]

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.[2]
Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 6.519 жители со густина на население од 60,81 жител на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[3][4]
| Народност | Број | Постоток |
| Македонци* | 814 | 12,49 % |
| Турци* | 5.226 | 80,17% |
| Албанци* | 454 | 6,96% |
| останати | 25 | 0,38% |
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 20 |
| муслимани | 6.215 |
| католици | 4 |
| протестанти | 0 |
| останати | 60 |
- * Во општината има значаен број Македонци муслимани кои се изјасниле како Турци, а мал дел и како Албанци, поради различни политичко-религиски причини.
| Јазик | Вкупно |
| македонски | 953 |
| албански | 439 |
| турски | 4.880 |
| ромски | 0 |
| влашки | 1 |
| српски | 0 |
| бошњачки | 0 |
| останати | 25 |
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Добар дел од населението е иселено во странски држави. Најголем број од иселените се во Италија, но и во другите европски држави.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на општина Центар Жупа е Аријан Ибраим од редовите на ДПТ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години.[5]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 9 члена.[6]
Во склоп на општина Центар Жупа се следниве села: Бајрамовци, Баланци, Брештани, Броштица, Власиќи, Голем Папрадник, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, Долно Мелничани, Евла, Елевци, Житинени, Кочишта, Коџаџик, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Оџовци, Пареши, Праленик, Центар Жупа и Црно Боци.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- -Музеј, Меморијален центар на таткото на Мустафа Кемал Ататурк(Али Риза Ефенди) во село Коџаџик
- -Летниковци и одморалишта покрај Дебарското езеро во пресек на селата Мал и Голем Папрадик Архивирано на 10 август 2022 г.
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Црков - средновековна црква и некропола;
- Варварица - средновековна црква;
- Влаи - средновековна населба и некропола;
- Машатлак - средновековна некропола;
- Долно Поличе - населба од доцноантичко време;
- Поличе - средновековна црква и некропола;
- Стара Куќа - средновековна населба;
- Црквиште - средновековна црква и некропола;
- Вапавска Краста - доцноантилка населба;
- Вапчица - средновековна некропола;
- Св. Петка - средновековна црква;
- Црквичка - средновековна црква и некропола;
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ - единствена преостаната црква од трите историски во селото. Потекнува од 1868 година.
- Црква „Свети врачи Кузман и Дамјан" - селска црква од 19 век;[8]
- Црква „Св. Варвара“ - Горенци - селска црква од 19 век
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица" (Св. Пречиста) - селска црква од 19 век;[8]
- Манастир - средновековна населба, црква и некропола;
- Црков - средновековна некропола;
- Чифлик - доцноантичка и средновековна населба;
- Основното училиште во Центар Жупа
- Основното училиште во Центар Жупа
- Средното училиште во Центар Жупа
- Зградата на Здравствениот дом во Центар Жупа
- Поштата во Центар Жупа
Личности
[уреди | уреди извор]- Андон Maнчевски (1929-2004) — македонски невропсихијатар, доајен на македонската пcихијатрија. Основоположник на екстрахоспиталната дејост во Македонија.
- Вељо Манчевски (1905-1962) — партизан и деец на НОВМ
- Али Риза Ефенди — татко на големиот реформатор Мустафа Кемал Ататурк.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ 367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- 1 2 „Дебарско-реканска парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-06-20. Посетено на 2011-08-02.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Центар Жупа
- Општина Центар Жупа во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Општина Центар Жупа на „Златна Книга“
- Општина Центар Жупа Архивирано на 27 септември 2013 г. на mojsovetnik.org.mk
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||


