Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Долно Мелничани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Воведение на Пресвета Богородица
Црква Воведение на Пресвета Богородица Пречиста - Долно Мелничани.JPG

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба
Координати 41°31′01.76″N 20°34′23.11″E / 41.5171556° СГШ; 20.5730861° ИГД / 41.5171556; 20.5730861Координати: 41°31′01.76″N 20°34′23.11″E / 41.5171556° СГШ; 20.5730861° ИГД / 41.5171556; 20.5730861
Населено место Долно Мелничани
Општина Центар Жупа
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 19 век
Завршено 1884
Осветување 1885
Ктитор Ристе Поте
Зограф Исо Џиков
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Воведение на Пресвета Богородица позната како Св. Пречиста е главната селска црква во дебарското село Долно Мелничани. Црквата се наоѓа на сред село и е изградена во 19 век.[1]. Храмот е изграден во 1884 година од мајсторот Павле од с.Луково (Струшко)[2]. Фреските и иконостасот ги изработил Исо Џиков од с.Осој (Дебарско), а осветувањето е извршено во 1855 година. [2]. Организатор на изградбата бил Ристе Поте од Долно Мелничани[2]. Во Јануари 2013 година во црквата била извршена тешка кражба каде биле украдени седум вредни икони, меѓу нив и голема икона на Света Богородица од иконостасот, потоа две целивни икони, како и царевите двери, сите од 19 век и дело на Дичо Зограф.[3] Во црковниот двор се наоѓаат селските гробишта.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Јовчевски, Петко; Јовчевски, Методија (јули 2000) (на македонски). Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на ХХ век; селата: Рајчица, Горенци, Пареши, Броштица, Кочишта, Вапа со Пеовци и Јанковци, Голем Папрадник и Праленик. Дебар: Графобимс. стр. 117. ISBN 9989-908-42-7. 
  3. УКРАДЕНИ ИКОНИТЕ НА ДИЧО ЗОГРАФ ОД ЦРКВА ВО ДОЛНО МЕЛНИЧАНИ