Општина Петровец
| Општина Петровец | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Регион | Скопски | ||
| Година кога е основана со закон | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1945 (како месен народен одбор), 1996 | ||
| Седиште | Петровец | ||
| Населени места | Список
| ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Борче Митевски (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 201,93 км2 (77,97 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 9.150 | ||
| • Густина | 45/км2 (120/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +02 | ||
| Регистарски таблички | SK | ||
| Мреж. место | petrovec.gov.mk | ||
Општина Петровец — општина во Скопскиот Регион, во северниот дел на Македонија. Административно средиште на општината е истоименото село.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина и непосредно припаѓа на долното сливно подрачје помеѓу реката Вардар и реката Пчиња. Во западниот дел, десно се наоѓа рамништето на Скопското Поле, додека на левата страна од реката, покрај нејзината алувијална рамнина спрема отовичкото подрачје, се издига ридско земјиште како просторен дел, познат под името Катлановски Рид.
Низ општината поминуваат магистралниот државен автопат А1, како и регионалниот пат Р1102 кој води од Скопје до Катланово. Тука е сместен и меѓународниот Скопски аеродром.
Историја
[уреди | уреди извор]1913-1915
[уреди | уреди извор]Општина Ибраимово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Ибраимово, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија. Општината била дел од Скопски Срез, Скопски Округ.[2]
1915-1918
[уреди | уреди извор]Општина Петровец продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[3]
Кралство СХС/Југославија
[уреди | уреди извор]За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Ибраимово (подоцна преименета во Општина Петровец) продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Ибраимово/Петровец, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија.[4][5][6]
1945-1965
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Петровец бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија.[7] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Петровец останал територијално непроменет. Истовремено, МНО Петровец припаднал под новата Скопска Околија.[8] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Петровец повторно останал територијално ист.[9] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Петровец ги добила селата Идризово, Јурумлери, Кадино и Мралино, на сметка на укинатиот МНО Кадино.[10] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Петровец била проширена на сметка на укинатата Општина Катланово со нејзините села Бадар, Блаце, Брезица, Градманци, Катланово, Кожле, и Летевци. Тогаш, Општина Петовец била проширена и со територијата на укинатата Општина Бунарџик со нејзините населени места Ајватовци, Белимбегово, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Марино, Миладиновци, Мршевци, и Текија. Истовремено, Општина Петровец ги добила селата Горно Коњари, Дивље, Долно Коњари, Средно Коњари и Сушица, на сметка на укинатата Општина Средно Коњари. Општината го добила и селото Грушино, на сметка на укинатата Општина Синѓелиќ.[11] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Петровец била укината и нејзината територија била припоена кон проширената Општина Кале.[12]
1996-до денес
[уреди | уреди извор]
Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Петровец била обновена на сметка на намалената Општина Гази Баба. Нејзини населени места биле Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица и Ќојлија.[13] Според административната поделба од 2004 година, Општина Петровец останала територијално непроменета.[14]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1913 година, Општина Ибраимово имала 801 жител, односно вкупното население на Ибраимово, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија.[2]
Според пописот од 1921 година, Општина Ибраимово имала 658 жители. Според верската припадност, 496 биле православни, додека 162 биле муслимани. Според јазичната припадност, 496 биле Срби/Хрвати, 158 биле Турци, додека 4 биле Албанци.[15][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Петровец имала 1,872 жители, од кои 1,163 биле мажи, а 709 биле жени. Општината се состоела од 234 куќи и 258 домаќинства.[16]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Петровец имал 1,779 жители, односно вкупното население на Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија. Од таа бројка, 1,229 биле Македонци, 192 биле Срби, 162 биле Албанци, 158 биле Турци, 26 биле Роми, 6 биле Црногорци, 1 бил Словенец, 2 биле Бугари, 2 биле Германци, додека 1 припаднал во графата „останати и непознато“.[17]
Според пописот од 1953 година, Општина Петровец имала 4,463 жители, односно вкупното население на Идризово, Јурумлери, Кадино, Мралино, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија. Од таа бројка, 3,267 биле Македонци, 427 биле Срби, 353 биле Албанци, 255 биле Турци, 116 биле Роми, 17 биле Црногорци, 3 биле Словенци, 1 бил Хрват, 6 биле останати Словени, 18 биле останати несловени.[18][19]
Според пописот од 1961 година, Општина Петровец имала 17,363 жители, односно вкупното население на Ајватовци, Бадар, Белимбегово, Блаце, Брезица, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Горно Коњари, Градманци, Грушино, Дељадровци, Дивље, Долно Коњари, Идризово, Јурумлери, Кадино, Катланово, Кожле, Летевци, Марино, Миладиновци, Мралино, Мршевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица, Текија и Ќојлија.
Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[20]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 12,028 |
| Срби | 1,361 |
| Албанци | 1,166 |
| Роми | 229 |
| Муслимани | 108 |
| Црногорци | 76 |
| Хрвати | 21 |
| Словенци | 6 |
| Југословени | 38 |
| Останати | 2,330 |
Според пописот од 2002 година, Општина Петровец имала 8,255 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица и Ќојлија. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 2,087 домаќинства и 3,617 станови.[21]

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[22]
| Народност | Вкупно | Удел (%) |
|---|---|---|
| Македонци | 4,246 | 51,43 |
| Албанци | 1,887 | 22,86 |
| Турци | 75 | 0,91 |
| Роми | 134 | 1,62 |
| Срби | 415 | 5,03 |
| Бошњаци | 1,446 | 17,47 |
| останати | 56 | 0,68 |
Следува табела според верската припадност во пописот од 2002 година:[23]
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 4,652 |
| муслимани | 3,564 |
| католици | 8 |
| протестанти | 0 |
| останати | 31 |
Следува табела според јазиците во пописот од 2002 година:[24]
| Јазик | Вкупно |
| македонски | 4,320 |
| албански | 1,910 |
| турски | 72 |
| ромски | 115 |
| влашки | 0 |
| српски | 347 |
| бошњачки | 521 |
| останати | 970 |
Според една проценка од 2016 година, Општина Петровец имала 9,089 жители.[25]
Според пописот од 2021 година, Општина Петровец имала 9,150 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица, Ќојлија и Чифлик. Општината имала 4,613 мажи и 4,537 жени кои живееле во 2,511 домаќинства и 4,136 станови.
Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:[26]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 4,609 |
| Албанци | 1,676 |
| Турци | 116 |
| Роми | 56 |
| Власи | 2 |
| Срби | 327 |
| Бошњаци | 1,701 |
| Други неспомнати | 2 |
| Непознато | 2 |
| Лица кои податоците се превземени од административни извори | 600 |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на општина Петровец е Борче Митевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за петти последователен мандат од четири години.[27]
Согласно одлуката на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.[28] Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2025-2029 се:

Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915)
- Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931)
- Список на општини во Македонија по население (1948)
- Список на општини во Македонија по население (1953)
- Список на општини во Македонија по население (1961)
- Список на општини во Македонија по население (2002)
- Список на општини во Македонија по население (2021)
Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 132. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 93. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 112, 195, 212, 305, 321, 342, 392. Занемарен непознатиот параметар
|subscription=(help) - ↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. X, 292, 311, 456, 481, 577.
- ↑ Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 452 (610), 487 (645).
- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 ноември 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 205. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 9 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 102. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 25 јануари 1965: 21. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 14 септември 1996. стр. 2769. Архивирано (PDF) од изворникот 3 ноември 2022. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 5. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 116-117. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1961“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 16 март 2016. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 47. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 152. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 426. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 289. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Соопштение - Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 - прв сет на податоци“ (PDF). Државен завод за статистика. 30 март 2022. стр. 4, 20-21. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 март 2022. Посетено на 9 ноември 2025.
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||



