Средно Коњари
Средно Коњари | |
Координати 41°57′28″N 21°42′53″E / 41.95778°N 21.71472°E | |
Општина | Петровец |
Население | 1.211 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25122 |
Надм. вис. | 250 м |
![]() |
Средно Коњари — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, на околу петнаесет километри југоисточно од општинскиот центар Петровец и на 30 километри југоисточно од градот Скопје.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Пржали сместено на 5 км источно од него.[2]
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Средно Коњари живееле 855 жители, од кои 820 Турци и 35 Македонци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 850 Турци.[4]
Во 1991 година во Средно Коњари живееле 818 жители, од кои 599 Албанци, 90 Турци, 3 Роми и 410 останати.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.140 жители, од кои 668 Албанци, 61 Турчин, 402 Бошњаци и 9 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.211 жители, од кои 7 Македонци, 608 Албанци, 89 Турци, 2 Роми, 462 Бошњаци, 2 останати и 41 лице без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.218 |
1953 | — | — | 1.260 | 7 | — | — | ... | — | — | 1.267 |
1961 | 1 | 87 | 694 | ... | ... | — | ... | 84 | — | 874 |
1971 | — | 389 | 311 | — | ... | — | ... | 142 | — | 842 |
1981 | 2 | 478 | 176 | — | — | — | ... | 433 | — | 1.089 |
1991 | — | 304 | 75 | 1 | — | — | — | 438 | — | 818 |
1994 | — | 599 | 90 | 3 | — | — | — | 410 | — | 1.102 |
2002 | — | 668 | 61 | — | — | — | 402 | 9 | — | 1.140 |
2021 | 7 | 608 | 89 | 2 | — | — | 462 | 2 | 41 | 1.211 |
Во пописните години од 1961 - 1994, најголем дел од жители, кои се запишани под останати, всушност претставуваат Бошњаци, кои во соодветните пописи немало можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови
[уреди | уреди извор]Средно Коњари порано било турско село. Но денес преовладуваат Албанците и бошњаците во селото:
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле:[8]
- Доселеници: Еселер (27 к.), Агушлар (45 к.), Гунгалар (20 к.), Исеинлер (25 к.), Јонузлар (36 к.), Бичкалари (30 к.), Турколар (18 к.) Ќеримлери (18 к.) и Каранџалар (13 к.) првиот род е најстар во селото. Сите турски родови се доселени кон крајот на XVIII век од Мала Азија. Во последниот род се знае следното родословие: Рамадан (жив на 65 г. во 1953 година) Дурмиш-Демир-Шериф-Таир, кој се доселил од Мала Азија.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[2]
- Пржали — населба од римско време
- Средно Коњари — осамени наоди од римско време
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништв
[уреди | уреди извор]Од 1912 до 1953 година од селото се иселиле околу 100 турски семејства, и тоа во. Скопје (50 семејства), Велес (6 семејства) и во Турција (45 семејства). Иселувањето на турското население продолжило и после 1953 година и водело исклучиво кон Турција.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 386. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 8,0 8,1 . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Средно Коњари“ на Ризницата ? |