Долно Коњари

Координати: 41°56′32″N 21°42′32″E / 41.94222° СГШ; 21.70889° ИГД / 41.94222; 21.70889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Коњари
Долно Коњари во рамките на Македонија
Долно Коњари
Местоположба на Долно Коњари во Македонија
Долно Коњари на карта

Карта

Координати 41°56′32″N 21°42′32″E / 41.94222° СГШ; 21.70889° ИГД / 41.94222; 21.70889
Општина Петровец
Население 796 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25038
Надм. вис. 250 м
Долно Коњари на општинската карта

Атарот на Долно Коњари во рамките на општината
Долно Коњари на Ризницата

Долно Коњари — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, на околу петнаесет километри југоисточно од општинското средиште Петровец и на 29 километри југоисточно од градот Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948660—    
1953690+4.5%
1961498−27.8%
1971596+19.7%
1981656+10.1%
ГодинаНас.±%
1991706+7.6%
1994742+5.1%
2002704−5.1%
2021796+13.1%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Ѓурелери Зир и имало мешано христијанско и муслиманско население, каде имало 19 христијански[2] и 24 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи христијани, со 9 новороденчиња и 85 мажи муслимани со 8 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 312 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 310 жители.[4]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Долно Коњари живееле 280 жители, од кои 240 Турци и 40 Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Турци.[6]

Во 1971 година во Долно Коњари живееле 596 жители, од кои 20 Македонци, 64 Албанци, 193 Турци, 10 Срби и 309 останати.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 704 жители, од кои 568 Бошњаци, 121 Албанец, 7 Македонци, 6 Турци и само двајца останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 796 жители, од кои 8 Македонци, 140 Албанци, 8 Турци, 597 Бошњаци, 1 останат и 42 лица без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 660
1953 1 671 18 ... 690
1961 98 1 371 ... ... 1 ... 27 498
1971 20 64 193 ... 10 ... 309 596
1981 18 97 1 ... 540 656
1991 19 48 5 19 1 614 706
1994 20 106 6 9 601 742
2002 7 121 6 568 2 704
2021 8 140 8 597 1 42 796

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Коњари било турско село, денес е доминанто бошњачко

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:[10]

Родови од турско потекло (Коњари-јуручко)

  • Доселеници: Есе-Пашалар (16 к.) они се анадолски доселеници. Кон крајот на XVIII век нивниот предок Есед-Паша, се населил во соседното село Средно Коњари. Таму останале потомците на тој паша. А еден од синовите на Есед-Паша се населил во Долно Коњари. Жителите на овој род потекнуваат од тој син; Алколар (15 к.), Доналари (14 к.), Сејдолари (11 к.), Даутлари (9 к.), Скачкалари (9 к.), Јуруклери (6 к.) и Шерколари (3 к.) тие се Турци-Јуруци. Во Долно Коњари се доселиле од некое село во Овче Поле. Во родот Алколари го знаат следното родословие: Муарем (жив на 46 г. во 1953 година) Беадин-Батлиман-Алко, основачот на родот кој се доселил.

Родови од албанско потекло

  • Доселеници: Елез Пала (21 к.) доселени се од Дебарско. Го знаат следното родословие: Нијаз (жив на 30 г. во 1953 година) Раман-Зејнула-Исен-Елез, кој се доселил; Емин-Буљукбаша (18 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Асип (жив на 25 г. во 1953 година) Сабедин-Ештрев-Али-Емин, основачот на родот кој се доселил.

Ромски родови

  • Доселеници: Фазлијини (1 к.), Али-Дамини (1 к.) и Куртишеви (2 к.) првите два рода во селото живеат од поодамна. Додека последниот род е доселен од селото В. Трновца кај Бујановац.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Дервеннаселба од неолитското време. На 2 кмзападно од селото, на левата страна на асфалтниот пат Скопје - Коњари, на блага падина, во нивата на ЗИК „Скопско Поле“, која зафаќа површина од 350 × 75 м, се среќава голем број фрагменти од керамички садови. Повеќето од нив се украсени во барботин и импресо-техника, а од облици има пехари на висока конусна нога, грниња, жртвеници, ситна антропоморфна пластика и др. Голем е бројот и на орудијата од кремен и камен.
  • Долно Коњаридепо на средновековни монети. Во Музејот на Македонија во Скопје се чува депо од 2.400 бакарни скифати од XII-XIII век, пронајдени во околината на Долно Коњари.
  • Ограѓенаселба од римското време. На 200 м западно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, на површина од околу 0,5 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Зеќир Рамчиловиќ (р. 1975) - македонски историчар, публицист и пратеник во Македонското Собрание во составот од 2016 година.[11]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во селото порано живееле и православни Македонци. Тие потоа се иселиле во Горно Коњари (таму се родовите Долноселци, Чакареви), Сушица (Долноселци).

Од 1912 година од селото почнало да се иселува и муслиманското население. До 1953 година во Турција се иселиле 14 семејства.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  4. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.207
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  11. ПРАТЕНИЧКИ СОСТАВ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]