Кожле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кожле
Kožle Monastery.JPG

Кожленскиот манастир

Кожле is located in Македонија
Кожле
Местоположба на Кожле во Македонија
Кожле на интерактивна карта

Координати 41°50′26″N 21°40′55″E / 41.84056° СГШ; 21.68194° ИГД / 41.84056; 21.68194Координати: 41°50′26″N 21°40′55″E / 41.84056° СГШ; 21.68194° ИГД / 41.84056; 21.68194
Регион Logo of Skopje Region.svg Скопски
Општина Grb-petrovec.jpg Петровец
Област Скопска Блатија
Население 14[1] жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 25076
Надм. вис. 500 м
Кожле на општинската карта
Кожле во Општина Петровец.svg

Атарот на Кожле во рамките на општината
Commons-logo.svg Кожле на Ризницата
Реконструкција на тврдината Маркови Кули во Кожле

Кожле — село во Општина Петровец, во областа Скопска Блатија, недалеку од градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во областа Блатија, а на десниот брег на реката Пчиња, сместено на 35 километри од градот Скопје. До селото Кожле се стига по автопатот Скопје-Велес. Пред селото Катланово се врти десно, по асфалтиран пат кој поминува низ селото Блаце. Патот ја сече густата дабова шума кој ќе ве одведе право во селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Тврдината Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од селото и датира од средниот век. Во 1847 година изградена е црквата „Вознесение Христово“, каде што во дворот е погребан македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски, во чија чест во дворот на црквата секоја година се одржуваат поетски читања.

Во XIX век, Кожле било село во Скопската каза на Отоманското Царство.

На 6 септември 2016 година во околу 17:40 часот се случила авионска несреќа кај селото Кожле, каде загинуваат сите 6 патници и членови на екипажот.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Од овој крај, освен руда имало и многу кварц, фелдспат и каолин, минерали од кои тогаш се правел познатиот порцелан од Кожле. Овие драгоцени минерали за време на војната на големо ги експолатирале Германците. Порцеланот од Кожле бил познат до Цариград и многу баран. Кожланскиот порцелан веќе не се прави. Луѓето се иселиле од селото да бараат работа во градовите.

Демографија[уреди | уреди извор]

Селото последните педесетина години е празно. На старите порти висат катанци. Само пет семејства денес живеат во селото, пензионери кои се вратиле тука од Скопје. Најстарите пишани записи за селото кажуваат дека овој крај бил сточарски, гусларски и рударски.

Според кажувањата на 73-годишен жител кој заедно со сопругата по пензионирањето се вратиле на родното огниште, Кожле било село на четири попа и еден владика. Попови, Василевци, Бошковци, Марковци и Пселимовски се дел од семејствата кои некогаш го населувале Кожле.

Според податоците на Васил К'нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кожле живееле 585 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Кожле живееле 344 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Од Кожле се иселил значителен број од населението и селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 196 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 13 жители.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Кожле живееле 14 жители, од кои 10 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин и 1 останат.[1]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948384—    
1953309−19.5%
1961196−36.6%
1971130−33.7%
ГодинаНас.±%
198170−46.2%
199129−58.6%
199413−55.2%
200214+7.7%

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 585 344 384 309 196 130 70 29 13 14
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Кожле e македонско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во Кожле се:

  • Староседелци: Трајановци (3 к.), Поповци (3 к.), Китановци (7 к.), Марковци (3 к.), Ценовци (2 к.), Бошковци (3 к.), Шипковци (1 к.), Пашинци (2 к.), Пртеловци (1 к.), Цирановци (1 к.), Пурчиновци (4 к.), Мурџевци (4 к.) и Мишовци (1 к.).
  • Доселеници: Дувневци (5 к.) и Домазетовци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде; Романовци (3 к.) доселени се од селото Романовце, Кумановско. Според друго предание доселени се од некое место Лаке во близина на селото Бадар.[8]


Општествени установи[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Порано во селото редовно се одржувала козлечка средба, но во 1999 е прекината таа традиција.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Кожле[уреди | уреди извор]
  • Гане Тодоровски (р. 11 мај 1929 - 22 мај 2010) — македонски академик, поет, преведувач, професор, есеист, литературен критичар, историчар и публицист.
  • Коле Василевски — македонски универзитетски професор
  • Ангелко Василевски (1924-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Александар Андреевски (1922-2005) — македонски академик, врвен лекар специјалист - оториноларинголог, доајен на модерната оториноларингологија во Република Македонија и пошироко[9]
  • Теодор Трајанов (1882 - 1945) — бугарски поет, член на БАН[10]
Починале во Кожле[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 мај 2021. Посетено на 27 ноември 2019.
  2. Авионот пронајден кај селото Кожле
  3. Васил К'нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 207.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 162-163.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
  9. „Почина академикот Александар Андреевски“. А1. Посетено на 2010-04-17. На |first= му недостасува |last= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  10. „Поетична антология "България" (бугарски). Посетено на 2010-04-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]