Летевци
Летевци | |
![]() Глетка на куќи во Летевци | |
Координати 41°50′57″N 21°42′15″E / 41.84917° N; 21.70417° EКоординати: 41°50′57″N 21°42′15″E / 41.84917° N; 21.70417° E | |
Општина | Петровец |
Население | 10 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25080 |
Надм. вис. | 451 м |
![]() |
Летевци — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, оддалечено 35 километри јужно од Скопје и 20 километри јужно од општинскиот центар Петровец.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 28 христијански семејства.[1]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Блатија во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението, повратниците и повремените жители најмногу се занимаваат со сточарство, со одгледување на говеда - крави од видот ридска буша и кози, за што постојат многу поволни услови од бројните ливади и нискостеблеста шума, како и посеви со јачмен.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Летевци живееле 150 жители, сите Македонци.[2]
Во 1961 година во селото има 102 жители, додека во 1994 година населението се намалило на 8 жители, Македонци.
Според последниот попис од 2002 година, во Летевци живеат само 6 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150[2] | 135 | 118 | 102 | 30 | 16 | 7 | 8 | 6[3] |
Родови[уреди | уреди извор]
Летевци е македонско село.
Селото Летевци во целост е населено со македонски православни христијански родови. Најголем дел од населението потекнува од староседелски родови кои се преселиле од пределот Старо Село и го основале Летевци, а тоа се родовите: Трајановци и Димовски кои слават Воведение на Пресвета Богородица, Дуковци и Ивковци кои слават Св. Архангел, Миајлевци со старо презиме Ристевци, Митковци, Куртовци и Јанковци кои слават Свети Никола.[5]. Доселенички род се Спасовски кои слават Св. Архангел, а се доселиле од околината на Кратово кои по Првата светска војна најпрвин се доселиле во велешкото село Иванковци, а во 1949 година се доселиле во Летевци[5].
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Маркови Кули - тврдина-гранична стража 1,2 км јужно од селото.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.500
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ 3,0 3,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 80-81