Иванковци
Иванковци | |
![]() Поглед на селото Иванковци | |
Координати 41°50′56″N 21°49′13″E / 41.84889° N; 21.82028° EКоординати: 41°50′56″N 21°49′13″E / 41.84889° N; 21.82028° E | |
Регион | ![]() |
Општина | Велес |
Население | 857 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1407 |
Шифра на КО | 29026 |
Надм. вис. | 480 м |
Иванковци — село во Општина Велес, во околината на градот Велес. До средината на XX век, главно 70 % од населението го сочинувале Турци, кои потоа масовно се иселиле во матичната земја.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото лежи на надморска височина од 480 метри и се наоѓа во горното сливно подрачје на реката Отовица. Од градот Велес е оддалечено 20 км. Иванковци се наоѓа во историската област Повардарие, се наоѓа под Градиштанска планина. Иванковци е доста развиено село во него работи осумгодишно основното училиште „Стојан Бурчевски“, амбуланта, фабрички погон, пошта, 5 продавници, ресторани и угостителски објекти, а има и земјоделска задруга. Површината на селскиот атар изнесува 30км2. Климата е изменета континентална со силно влијание од Егејскиот дел.
Историја[уреди | уреди извор]
До средината на XX век, главно 70 % од населението го сочинувале Турци, кои потоа масовно се иселиле во матичната земја.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Иванковци претставува едно од најразвиените села во Општина Велес. Земјоделието е главна движечка алка на економијата во селото. Преку проектот " Рурален развој " од ИПАРД програмата значително се зголеми обработливата површина и се употребува најсовремена земјоделска механизација за негова обработка која во голем дел е добиена од истоимениот проект.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис од 2002 година, во Иванковци живеат 857 жители (од кои 685 Македонци и 172 Срби) и претставува голема населба.[1]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[2]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.625 |
1953 | 525 | — | 1.298 | — | — | 4 | — | 3 | 1.830 |
1961 | 886 | — | — | — | — | 272 | — | 23 | 1.181 |
1971 | 872 | — | — | — | — | 268 | — | 28 | 1.169 |
1981 | 828 | — | — | — | — | 175 | — | 6 | 1.009 |
1991 | 752 | — | — | — | — | 149 | — | 11 | 912 |
1994 | 716 | — | — | — | — | 157 | — | 1 | 874 |
2002 | 685 | — | — | — | — | 172 | — | — | 857 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Троица“ - камен темелник удрен на 29 јули 2017 година;[3]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Иванковци претставува доста активно политичко село во кое често се организираат разни политички средби и постојано се користат и политички простории од разни политички партии.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 2192 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 623 гласачи.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Инџерлак — некропола од железно време
- Чука Јанаклак — населба и некропола од доцноантичко време
Во Иванковци е дигната спомен-плоча во чест на Стојан Бурчевски Буридан, и негово име носи и училиштето во Иванковци.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Празникот Света Троица , селска слава, се слави редовно, секоја година.
Личности[уреди | уреди извор]
- Амед Лојков (? - 14 септември 1942) - македонски борец (починал во Рудник (Велешко) во Масакрот кај Пуста Кула)
- Мирослав Јовановиќ - претседател на Српска странка во Македонија и пратенил во Македонското Собрание
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Камен-темелник на црква во с. Иванковци
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|