Долно Каласлари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Каласлари
Долно Каласлари is located in Македонија
Долно Каласлари
Местоположба на Долно Каласлари во Македонија
Координати 41°41′18″N 21°50′15″E / 41.68833° N; 21.83750° E / 41.68833; 21.83750Координати: 41°41′18″N 21°50′15″E / 41.68833° N; 21.83750° E / 41.68833; 21.83750
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Велес
Население 446 жит.
(поп. 2002)
Долно Каласлари на општинската карта
Долно Каласлари во Општина Велес.svg

Атарот на Долно Каласлари во рамките на општината


Долно Каласлари (или Долно Караслари) — село во Општина Велес, во областа Клепа, во околината на градот Велес.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Општина Велес, непосредно до новата траса на автопатот Е-75. Селото е рамничарско на надморска височина од 210 метри, и е оддалечено 9 километри јужно од Велес и 38 километри северно од Неготино и 37 километри северно од Кавадарци.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долно Каласлари живееле 110 жители, сите Македонци.[1]

Во 1961 година селото имало 330 жители од кои 309 Македонци, 18 Албанци, 1 Србин и само 2 останати.

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 446 жители, од кои 443 Македонци, 1 Србин и само 2 останати.[2]

Од демографски асект е интересно тоа што за разлика од Горно Каласлари каде мнозинството се Албанци и бројот на населението опаѓа, овде во Долно Каласлари живеат само Македонци и бројот на население расте!

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 226
1953 76 307 2 ... 385
1961 309 18 ... ... 1 ... 2 330
1971 327 9 10 ... 1 ... 347
1981 395 2 ... 7 404
1991 457 1 458
1994 435 1 436
2002 443 1 2 446

Стопанство[уреди | уреди извор]

Со развојот на мали претпријатија и формирањето на индустриска зона на излезот од Велес кон Прилеп, многу стопанственици отвориле свои фирми во и околу Долно Каласлари. Најзначаен трговски центар е „Олимпус плаза“ - Велес со седиште во Долно Каласлари со вкупно 3000 работници. Потоа други значајни фирми се: „АУТОЛ-М“ (сервис за автомобили), „Мотел Македонија“, „Макоил“, „Макпетрол“ и некои други помали фирми.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 2193 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова изборно место е опфатено и селото Горно Каласлари.[4]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 396 гласачи.[5]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Тумба — тумул од железно време
  • Чука — наоѓалиште од непознат тип од предримско време
Палеонтолошко наоѓалиште

Палеонтолошко наоѓалиште кој се наоѓа околу 3 км југоисточно од Велес во близина на селото Каласлари. Фосилното наоѓалиште е откриено во 1973 година при изградбата на автопатот Велес - Гевгелија. По богатството на пронајдените фосилни цицачи (коњи, газели, жирафи, свињи, кучиња и др.), ова наоѓалиште се вбројува во едно од најпознатите кои досега се откриени во светот. Површината на заштитениот простор изнесува 148 ха.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Во Д. Каласлари на ден 6 мај секоја година се прославува славата Ѓурѓовден. Веќе неколку години наназад на овој ден се одржува и турнир во мал фудбал, каде што учествуваат повеќе од 15 екипи од различни места.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 157. ISBN 954430424X.
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2016.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  4. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  5. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]