Раштани (Велешко)
Раштани — село во северозападниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес, во долното сливно подрачје на реката Тополка, а на северозападната падина — на ридот Гроот.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 380 метри, а од градот Велес е оддалечено 6 километри. Во Раштани работи основно училиште до IV одделение, има неколку угостителски и стопанско-земјоделски објекти и споменик од НОБ, посветен на Февруарскиот поход.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, селото Раштани има 286 жители од кои сите се Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 257 жители, од кои 219 Македонци, 1 Влав, 1 Србин и 36 лица без податоци.[2]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 152 | 183 | 204 | 187 | 173 | 167 | 323 | 264 | 396 | 286 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови[уреди | уреди извор]
Раштани е македонско село.
Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се
- Скубареви (3 к.), Чупчевци (3 к.), Брлевци (3 к.), Пецевци (3 к.), Лазови (2 к.), Ицкови (1 к.), Саздови (1 к.), Ордеви (5 к.), Наунови (4 к.) и Тоскаровци (1 к.). сите наведени родови се староседелски.
- Караџовци (4 к.) доселени се од денес албанското село Бузалково.
- Малиќовци (1 к.) доселени се во турско време од селото ’Рлевци.
- Арсевци (1 к.) и Балчаковци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Дреново.
- Бузалковци (4 к.) доселени се во периодот од 1946-48г од селото Бузалково.
- Гускарови (1 к.) доселени се од селото Белештевица.
- Угриновци (3 к.) и Црешневци (1 к.) доселени се од селото Црешнево после 1946 година.
- Дреновчани (5 к.) доселени се од селото Дреново. Во Дреново биле староседелци.
- Бистричани (1 к.) доселени се од селото Бистрица.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2203 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 242 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Грамаѓе — населба од доцноантичко време
- Каменика — некропола од доцноантичко време
- Корија — утврдена населба од доцноантичко време
- Латински Гробови — некропола од доцноантичко време
- Мраморје — населба и некропола од доцноантичко време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован. Област Бабуне и Тополке. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|