Горно Оризари (Велешко)
Горно Оризари | |
Координати 41°41′8″N 21°44′0″E / 41.68556° СГШ; 21.73333° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 1.723 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1408 |
Шифра на КО | 29053 |
Горно Оризари на општинската карта Атарот на Горно Оризари во рамките на општината | |
Горно Оризари на Ризницата |
Горно Оризари (Велешко) е село кое се наоѓа во западниот дел на Општина Велес во долното сливно подрачје на реката Тополка, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е рамничарско на надморска височина од 310 метри, а од градот Велес е оддалечено 8 километри. Селото има полјоделско-сточарски карактер меѓутоа голем дел од населението учествува во дневните индустриски миграции. Во селото има осумгодишно основно училиште, амбуланта, пошта, продавници и угостителски објекти и урбанистички план.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Горно Оризари било село во Велешката каза на Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Турци 100 Македонци.[2]
Горно Оризари до 1953 година било во најголем дел (90,6 %) населено со Турци, кои масовно се иселувале во Турција, а на нивно место се доселувале Бошњаци (Муслимани) од областа Санџак во Србија.
Во 1961 година селото броело 1.888 жители, од кои 394 биле Македонци, 6 Албанци, 1.363 Турци и 48 останати, додека во 1994 година бројот на населението се зголемило на 2.023 жители, од кои 25 биле Македонци, 55 Албанци, 19 Турци, 1 Ром, 20 Срби и 1.903 останати.
Според пописот од 2002 година, селото има 2.262 жители и претставува една од најголемите села во Велешко.
Последниве години поради големата невработеност значајна е емиграцијата на Бошњаците во Австрија, а Македонците се населуваат обично во Велес.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.723 жители, од кои 63 Македонци, 36 Албанци, 14 Турци, 1 Ром, 2 Срби, 1.474 Бошњаци, 2 останати и 131 лице без податоци.[3]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.030 |
1953 | 108 | 2 | 1.117 | — | 2 | — | ... | 3 | — | 1.232 |
1961 | 394 | 6 | 1.363 | ... | ... | 77 | ... | 48 | — | 1.888 |
1971 | 94 | 81 | 544 | — | ... | 45 | ... | 1.031 | — | 1.795 |
1981 | 42 | 65 | 8 | — | — | 38 | ... | 1.846 | — | 1.999 |
1991 | 24 | 28 | 13 | — | — | 23 | ... | 2.142 | — | 2.230 |
1994 | 25 | 55 | 19 | 1 | — | 20 | ... | 1.903 | — | 2.023 |
2002 | 113 | 66 | 15 | 1 | — | 22 | 2.032 | 13 | — | 2.262 |
2002 | 63 | 36 | 14 | 1 | — | 2 | 1.474 | 2 | 131 | 1.723 |
Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови
[уреди | уреди извор]Горно Оризари е мешано село.
Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се
Бошњачки
- Бошњаците во селото се најмногубројни. Тие се доселени во селото од областа Санџак, поделена помеѓу Србија и Црна Гора. Највеќе домаќинства се доселени од околината на Сјеница (160 куќи). Потоа следуваат доселениците од околината на Нови Пазар (80 куќи), Тутин (60 куќи), Рожае (10 куќи) и од Пријепоље (10 куќи).
Албански
- Албанците во селото се доселени од селата во областа Полог (25 куќи) во западна Македонија. Потоа од селата Долно и Горно Јаболчиште (5 куќи).
Турски
- Турците биле меѓу постарите жители на ова село. Но со пропаста на Османлиското Царство, тие почнале да се иселуваат во Турција, а во селото останало само домаќинството на Асан Усеинов (1 куќа).
Ромски - православни
- Стојадин (1 куќа), Стојадин 2 (1 куќа), Владо (1 куќа), Душан (1 куќа), Душан 2 (1 куќа), Благоја (1 куќа), Новица (1 куќа) и Бошко (1 куќа). Овие православни ромски домаќинства во селото се доселени од околината на Гнилане во Косово и Метохија.
Македонски
- Тодорови (1 куќа), Басилови (1 куќа) и Петрови (1 куќа) доселени се од селата Зеленград, Калиманци и Спанчево во Источна Македонија.
Бугарски
- Гоневи (1 куќа), Миланови (1 куќа) и Василови (1 куќа) доселени се од селото Т’лмино кај Босилеград во Србија.[5]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во Горно Оризари има прва во Македонија диспензирана Општинска канцеларија, каде што граѓаните имаат непосреден контакт за добивање на голем број прашања и информации што се однесуват на локалната власт. Во склоп на канцеларија работи и бесплатна интернет пристапна точка, каде им дава бесплатен интернет на граѓаните на Горно Оризари.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постјат избирачкото место бр. 2209, 2210 и 2210/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 2.167 гласачи.[7]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Во Горно Оризари секоја година на лето се одржуваа културната манифестација „Бошњачки средби“.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени
- Фехим Хусковиќ (р. 1967) — академски сликар и графичар
- Починати
- Благој Кирков (1923–1943) — партизан, учесник во НОБ
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Во минатото ова село било чисто турско село, а кои се се помалубројни. По Втората светска војна во селото почнало да се населува и бошњачко население, кое население е најбројно во селото. Сепак преку ова село се имаат иселено преку 100 бошњачки семејства во Турција. Бошњачкото и турското население иселено во Турција се наоѓа во градовите Истанбул и Измир.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован. Област Бабуне и Тополке. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|