Прејди на содржината

Општина Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Велес
Општина
Знаме на Општина ВелесГрб на Општина Велес
Карта
Границите на Општина Велес во периодот 1996-2005 година
Границите на Општина Велес во периодот 1996-2005 година
ДржаваМакедонија
РегионВардарски
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија)
СедиштеВелес
Населени места
Управа
  ГрадоначалникМарко Колев (ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
  Вкупна427,45 км2 (165,04 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно48.914
  Густина110/км2 (300/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+043
Регистарски табличкиVE
Мреж. местоveles.gov.mk
Карта на Општина Велес со селските атари.
Демографска карта на Општина Велес со селските атари.

Велес — општина во Македонија. Се наоѓа во централното подрачје на државата и низ нејзе тече реката Вардар и поминуваат меѓународниот автопат Е-75 и меѓународната железничка пруга кон Солун. Административен центар на општината е градот Велес. Намалена е општината со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општина Велес се наоѓа во средишна Македонија, во Вардарскиот Регион. Се граничи со Општина Петровец на север, Општина Зелениково и Општина Чашка на запад, Општина Градско на југ и Општина Лозово и Општина Свети Николе на исток.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, Општина Велес броела 55.108 жители од кои:[2]

НародВкупноУдел (%)
Македонци 47.183 84,86
Албанци 2.299 4,17
Турци 1.751 1,31
Роми 677 1,45
Власи 279 0,42
Срби 402 0,62
Бошњаци 2.406 4,37
останати 729 0,98
Вероисповед Вкупно
православни 46.843
муслимани 9.071
католици 67
протестанти 6
останати 862
Јазик Вкупно
македонски 47.148
албански 2.283
турски 1.751
ромски 677
влашки 279
српски 402
бошњачки 1.857
останати 713

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Општина Велес брои 48.914 жители, од кои:

НародВкупноУдел (%)
Македонци 36.825 75,29
Албанци 2.736 5,59
Турци 1.037 2,12
Роми 507 1,04
Власи 270 0,55
Срби 267 0,55
Бошњаци 1.825 3,73
останати 729 1,48
лица без податоци 4.718 9,65

Општина Велес зафаќа површина од 427,45 км квадратни и има 128,92 жители на км квадратен густина на населеност.

Во составот на општината се и 30 села: Башино Село, Белештевица, Бузалково, Ветерско, Горно Каласлари, Горно Оризари, Долно Каласлари, Долно Оризари, Иванковци, Карабуниште, Клуковец, Крушје, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Новачани, Ново Село, Ораовец, Отовица, Раштани, ’Рлевци, Рудник, С’лп, Сливник, Сојаклари, Сопот, Црквино, Чалошево и Џидимирци.

Историски села: Влахчани, Дуган, Еленоводица и Чука.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Велес е Марко Колев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[3]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 23 члена.[4]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

ФК Борец (Велес), оформен 1926 година, е најпознатиот фудбалски клуб од Велес, долги години игра во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига), а од него ќе излезат голем број на познати фудбалери, како Илчо Боров, Панче Ќумбев, Зоран Паунов итн. Моментално клубот се натпреварува во 2 МФЛ - Јужен регион.

ФК Металург (Велес), е вториот велешки фудбалски миленик. Повеќе сезони има играно во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).

РК Борец (Велес), клубот во кој својата кариера ја почна нашиот најпознат ракометар, Пепи Манасков.

ОК Борец (Велес), го има освоено одбојкарскиот куп во 1993 година

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Дополнување на Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  4. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]