Сливник
Сливник | |
Координати 41°43′5″N 21°40′12″E / 41.71806° СГШ; 21.67000° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 677 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1413 |
Шифра на КО | 29066 |
Надм. вис. | 440 м |
Сливник на општинската карта Атарот на Сливник во рамките на општината | |
Сливник на Ризницата |
Сливник — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Сливник се наоѓа на западниот дел на подрачјето на Општина Велес во средното сливно подрачје на реката Тополка. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 440 метри, а од градот Велес е оддалечено 10 километри. Атарот зафаќа површина од 2,6 км2.
Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Економски Сливник егизистира исклучиво од земјоделство (полјоделство и сточарство). Од полјоделските култури најзастапени си житните (пченица и пченка) и градинарските култури, а од стоката претежно се одгледува крупен добиток. Во текот на зимата, голем број овчари со своите многубројни стада презимуваат во трлата во Сливник и околните села.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Сливник според бројот на своите жители е средно по големина и е едно од неколкуте велешки села, населени со Албанци, со голем и константен пораст на своето население.
Според пописот од 2002 година, селото Сливник брои 444 жители, од кои 443 Албанци и 1 останат.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 677 жители, од кои 637 Албанци, 1 Србин и 39 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 39 | 129 | 169 | 169 | 237 | 325 | 332 | 444 | 677 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
[уреди | уреди извор]Сливник е албанско село, а имало и Бошњаци во минатото.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Албански
- Доселеници: Шаиновци, Реџовци, Алимови и Џаферови (15 к.) доселени се од селото Горно Јаболчиште, а подалечно потекло од Горна Река; Емрулови (4 к.) доселени се од селото Долно Јаболчиште. Подалечно потекло од Горна Река.
Бошњачки
- Доселеници: Калешиќи и Лекпековци (6 к.) доселени се во 1957 година од околината на Нови Пазар.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 363 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[11]
- Долни Сливник — населба од доцноантичко време
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Областа на Бабуна и Тополка.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 79. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|